Влијанието на глобализацијата врз кредитниот ризик

Vasileva, Valerija and Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2016) Влијанието на глобализацијата врз кредитниот ризик. Зборник на трудови, Економски факултет, VI-та Меѓународна научна и практична конференција "Управување со развојот на економските регионални системи: Евроазиска перспектива". ISSN 978-608-244-374-4

[img]
Preview
Text
Зборник 1.pdf

Download (720Kb) | Preview

Abstract

Во современите услови на стопанисување, каде што ниту еден економски сектор (па ни финансискиот) не е имун на ефектите од глобализацијата, управувањето со ризиците се наметнува како еден од најголемите предизвици со кои треба да се справат менаџерите. Традиционалното кредитно работење со прибирање депозити и нивното пласирање како кредити- функционирање врз кое ретко која банка се потпира. Кредитниот ризик дефиниран како веројатност дека должникот нема навреме да ги извршува своите обврски, т.е. да ги отплаќа основниот долг и каматата според договорените услови, како и трошоците за заштита од кредитен ризик, од година во година се нешта на кои што се обраќа посебно внимание. Тоа е така посебно по 2008 година, кога финансискиот сектор беше погоден од страшниот колапс на цените на недвижностите, колапс којшто сериозно ги погоди банките, токму поради несоодветно управување со ризиците и користење на современи методи на кредитирање, како на пример секјуритизација. Ваквите негативни ефекти само ја покажаа моќта на глобализацијата, односно фактот дека светот е едно глобално село. Затоа денес, кога падот на цената на нафтата и суровините поради забавувањето на растот на глобалната економија почнува повторно да се прелева во финансискиот сектор, се наметнува еден голем притисок врз банките, коишто треба да пронајдат начини да се справат со новите наметнати ризици. Предмет на истражување во овој труд ќе биде кредитниот ризик како еден од најтипичните банкарски ризици и еден од најголемите ризици за банките, како и влијанието на глобализацијата врз истиот. Клучни зборови: кредитен ризик, глобализација, секјуритизација, влијание.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 20 Feb 2017 10:04
Last Modified: 20 Feb 2017 10:04
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17457

Actions (login required)

View Item View Item