Употреба на Европското јазично портфолио за самооценување и развивање автономија при учењето странски јазици

Kusevska, Marija (2016) Употреба на Европското јазично портфолио за самооценување и развивање автономија при учењето странски јазици. In: Меѓународна научна конференција „Климентово дело“ (јазик, литература, образование, култура), 23-24 June 2016, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Conference Programme.pdf

Download (720Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Употребата на Европското јазично портфолио за самооценување и автономија .pdf

Download (314Kb) | Preview

Abstract

Европското јазично портфолио (ЕЈП) е документ којшто Европскиот совет го креираше за подршка на учењето јазици. Документот е поврзан со Заедничката европската рамка на референтни нивоа (ЗЕРР) и им овозможува на изучувачите на јазици да развијат рефлективен приод кон учењето: да ги опишуваат своите искуства, да ги определуваат целите и според нив да го планираат учењето и да вршат самооценување на постигнатите резултати. ЕЈП придонесува учењето да биде целно насочено и транспарентно, ја поттикнува одговорноста на изучувачите и ја развива нивната автономија во учењето. Освен тоа, ги поттикнува да го поврзуваат учењето не само со училишните активности туку и со сите други активности надвор од училиштето. Употребата на Портфолиото во наставата овозможува учество на учениците/студентите во креирањето на наставната програма и нејзино прилагодување кон нивните потреби и интереси. Во ова излагање ќе наведеме некои искуствата во врска со имплементација на ЕЈП во формалното и неформалното образование, како и на факултетско ниво. Ќе се осврнеме и на некои нови трендови при користењето на ЕЈП поттикнати од развојот на технологијата, како и на тенденцијата за замена на традиционалниот формат со виртуелен. Клучни зборови: автономија, ЕЈП, ЗЕРР, рефлективен приод, самооценување

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Kusevska
Date Deposited: 17 Feb 2017 10:14
Last Modified: 17 Feb 2017 10:14
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17421

Actions (login required)

View Item View Item