Рехабилитација на пациенти со мозочен удар

Irevul, Enis and Nikolovska, Lence (2015) Рехабилитација на пациенти со мозочен удар. Medicus, информативен гласник на јавното здравство - Штип, 10 (23). pp. 22-23. ISSN 1857-5994

[img]
Preview
Text
Медикус бр. 23, 2015г..pdf

Download (423Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
LN 3.pdf

Download (437Kb) | Preview

Abstract

Мозочниот удар претставува тешко оштетување на мозочната функција, настаната поради акутно растројство на мозочната циркулација. Според етиологијата и клиничката слика, мозочните удари се делат на: исхемични и хеморагични. Исхемичните мозочни удари се јавуваат како: минливи церебрални исхемии (TIA), реверзибилен исхемичен невролошки дефицит (RIND), инфаркт и инфаркт во еволуција. Хеморагичните мозочни удари се манифестираат како: интрацеребрални, интравентрикуларни, субарахноидални, eпидурални и субдурални. Ризик факторите за појава на инсулт се класифицирани како: природни (возраст, пол, наследност); стекнати (покачен крвен притисок, шеќерна болест, срцеви заболувања, дебелина, пушење, алкохолизам); малформации на крвите садови во мозокот, инфекции, тумори и трауми. За правилно лекување на мозочниот удар потребна е правилна и навремена дијагностика, изработка на програма за рехабилитација и кинези терапевтски комплекс соодветен за различите стадиуми на болеста како и добар кинези терапевтски тим кој правилно ќе го следи процесот на лекување и рехабилитација на пациентите со мозочен удар. Според зачестеноста, мозочните удари се на прво место меѓу невролошките заболувања кај возрасните, а на трето место по смртност во светот, веднаш после кардиоваскуларните и малигните болести. Се смета дека 21% од сите инсулти спаѓаат во TIA (транзиторна исхемична атака), 65% се исхемични инсулти (од кои 45% се тромботични, а 20% емболични), 24% се хеморагични инсулти (од кои 12% се интрацеребрални, а 12% се субарахноидални хеморагии). Инвалидноста кај преживеаните изнесува околу 50 %.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Health biotechnology
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Tose Krstev
Date Deposited: 14 Feb 2017 12:43
Last Modified: 14 Feb 2017 12:43
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17391

Actions (login required)

View Item View Item