Практикум и збирка задачи по предметот Основи на CAD/CAM во електротехника

Cingoski, Vlatko and Citkuseva Dimitrovska, Biljana and Kukuseva, Maja (2017) Практикум и збирка задачи по предметот Основи на CAD/CAM во електротехника. ISBN 978-608-244-352-2.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/589

Abstract

Распространетоста и широката достапност на компјутерите и софтверските алатки денес е масовност. Со развојот на информатичката и компјутерската технологија определени пресметки, анализи, визуелизации или симулации, кои до пред извесно време биле незамисливи да се реализираат, денес може да се реализираат дури и на домашни, персонални компјутери. Наша цел е да се запознаеме со софтверските алатки CAD (Computer Aided Design) – компјутерски подржано проектирање (дизајн) и CAM (Computer Aided Manufacture) - компјутерски поддржано производство, кои можат да бидат од соодветна корист при понатамошното студирање и да им овозможат на студентите да ги користат компјутерите во голема мера за поуспешна реализација на нивните студии. Постојат софтверски алатки кои, првенствено, се наменети за електроинженерите и за компјутерска поддршка во нивната секојдневна инженерска работа. Програми кои, пред сé, се наменети за цртање и анализа на електрични кола, моделирање на електроенергетски уреди и анализа на нивната работа, оптимизација на формата и параметрите на определни електрични уреди, за истите да можат да задоволат соодветни барања од системот (напон, струја, моќност, магнетно коло, електромагнетна сила, момент и сл.), а кои денес ги има во голем број и различно ниво - од почетни па до полупрофесионални и професионални, а се разбира, и со различни цени и ниво на можности.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Vlatko Cingoski
Date Deposited: 14 Feb 2017 11:37
Last Modified: 14 Feb 2017 11:38
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17370

Actions (login required)

View Item View Item