Како известуваат медиумите во Република Македонија за активностите на јавното обвинителство за гонење на кривичните поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во периодот од 01.04.-30.06.2016

Majhosev, Andon and Bakev, Zlatko (2016) Како известуваат медиумите во Република Македонија за активностите на јавното обвинителство за гонење на кривичните поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во периодот од 01.04.-30.06.2016. Трета меѓународна научна конференција-Општествените промени во современиот свет, Универзитет Гоце Делчев-Штип, 2016 , Vol. 2. pp. 990-1008. ISSN ISBN 978-608-244-353-9

[img]
Preview
Text
1.pdf

Download (583Kb) | Preview

Abstract

Со донесување на Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите1 од страна на Собранието на Република Македонија, всушност се формира ново Јавно обвинителство на територијата на Република Македонија со целосна независнот од Јавното обвинителство на Република Македонија, и кое за својата работа, согласно законот, ќе одговара пред Советот на Јавните обвинители и Собранието на Република Македонија. Функционирањето на правната држава е огледало на демократијата во секое цивилизирано општество. Функционирањето на правото и правната држава праќаат силни пораки колку една држава има (не)развиена политичка култура, демократски капацитет, и дали таа има политичка иднина. Во нашето истражување ние ќе се фокусираме на известувањето на медиумите за активностите на тн. Специјално јавно обвинителство во Република Македонија. Основно истражувачко прашање во овој труд ќе ни биде Како известуваат печатените и електронските медиуми за активностите на Специјалното јавно обвинителство, односно дали постои разлика во известувањето за една иста активност на наведеното Јавно обвинителство од медиумите? Во нашето истражување поаѓаме од основната истражувачка хипотеза дека во Република Македонија, и покрај зголемената политичка култура и повисокиот степен на демократија во државата, медиумите се соочуваат со проблемот на различно известување за иста активност на една државна институција, во нашиот случај Специјалното јавно обвинителство, зависно од блискоста на медиумот со власта или опозицијата. Во истражувањето ќе се примени методот на анализа на содржина на текстовите и прилозите во печатените медиуми, електронските медиуми и интернет порталите за активностите на специјалното јавно обвинителство во периодот 01.04.-31.05.2016 година. Клучни зборови: медиуми, јавно обвинителство, информирање.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Media and communications
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Andon Majhosev
Date Deposited: 13 Feb 2017 11:47
Last Modified: 13 Feb 2017 11:47
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17359

Actions (login required)

View Item View Item