Зурла - музички инструмент на еден етнос во Р. Македонија и Р. Бугарија

Angelov, Goranco (2016) Зурла - музички инструмент на еден етнос во Р. Македонија и Р. Бугарија. Музика, 22. pp. 67-79.

[img]
Preview
Text
Muzika br 22.pdf

Download (1325Kb) | Preview

Abstract

„Кога човек за првпат ја слушне зурлаџиската музика, вообичаено се стаписува. Моќниот и пробивен звук на зурлите и тапаните, уникатната темброва интонација, мајсторството на свирачите, изненадувачкиот разнобразен репертоар како количество не го оставаат рамнодушен слушателот“ (Пейчева-Димов, 2002: 8). Зурлата претставува можеби единствениот музички инструмент кој со својата конструкција и составните делови е скоро идентична кај музичките традиции на народи од географски различен простор кои ја прифатиле нејзината музика со што овој инструмент добива една безвременска и вонпросторна димензија. Со своите музичко-тонски карактеристики зурлата се издвојува од останатите народни музички инструменти по техниката на свирење која ја применуваат народните инструменталисти-свирачи, начинот на добивање на тонот и карактеристичниот тембар и звучен интензитет кој е мошне силен и продорен. Карактеристичниот звук е резултат на неколку фактори кои имаат влијание во конечното формирање на звучната емисија. Во трудот се презентирани истражувањата поврзани со етничката припадност на инструменталистите на зурла во Р. Македонија и Р. Бугарија.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Goranco Angelov
Date Deposited: 13 Feb 2017 11:25
Last Modified: 13 Feb 2017 11:25
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17330

Actions (login required)

View Item View Item