Липом на овариум-КТ евалуација (приказ на случај)

Kusakatski, Slavcho and Sterjovska-Aleksovska, Andrijana and Prgova, Biljana and Zafirov, Mite (2009) Липом на овариум-КТ евалуација (приказ на случај). In: Книга на апстракти-5-ти Конгрес на радиолози на Македонија со меѓународно учество, 20-23 Sept 2009, Ohrid, Macedonia.

[img]
Preview
Text
5-ti Internacionalen kongres na radiolozi.pdf

Download (717Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Lipoma.pdf

Download (259Kb) | Preview

Abstract

Оваријалните липоми се редок нозолошки ентитет, особено изолираните. Почесто се јавуваат во состав на тератоми или се асоцирани со хиперандрогена состојба. Сепак, во случајот се презентирани изолирани оваријални липоми, како раритетни бенигни тумори на овариумот, кај жена на 66 годишна возраст со повремена нејасна нелагодност во долниот дел од абдоменот. Пациентката се јавила на гинеколошки преглед, на кој со ултразвучен преглед се констатирани две ту-формации на левиот овариум. Индицирана и реализирана е компјутеризирана томографија на абдомен и мала карлица. На направената серија на КТ пресеци евидентиран е уреден наод на паренхиматозните органи на абдоменот. Десниот овариум се презентира со уредни КТ карактеристики, а на левиот има две формации со дензитет на масно ткиво-липоми. Во внатрешноста на липомите се забележуваат фиброваскуларни септуми. Димензиите на помалиот липом се 0,8 x 0,6 cm, а на поголемиот- 6,5 x 5,5 cm и истиот врши компресија на утерусот и сигмоидниот колон. После поставената дијагноза, липомите се хируршки отстранети, а патохистолошката дијагноза во целост корелира со радиолошката. Со пребарување низ научната литература, се пронајдоа случаи на асоцирани липолејомиоми или тератоми, но не се пронајдоа документирани случаи на изолирани „чисти“ липоми на овариум, што оди во прилог на нивен ексклузивен раритет.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Andrijana Sterjovska Aleksovska
Date Deposited: 10 Feb 2017 13:22
Last Modified: 10 Feb 2017 13:22
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17320

Actions (login required)

View Item View Item