Референцијалните фразеологизми во преводот од германски на македонски јазик и обратно

Marolova, Darinka and Pachovska, Mirjana (2016) Референцијалните фразеологизми во преводот од германски на македонски јазик и обратно. Македонски јазик, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје. ISSN 0025-1089

[img]
Preview
Text
makedonski jazik-2016.pdf

Download (742Kb) | Preview

Abstract

Предмет на истражување на оваа научна работа се фразеологизмите, како од теоретски, така и од практичен аспект. Цел на истражувањето е да се укаже на комплексната задача што ја има преведувачот на литературни дела, особено кога ќе наиде на некој од референцијалните фразеологизми. Трудот е структуриран во повеќе точки, кои начелно се подведуваат под два главни дела: теоретски и практичен. Во теоретскиот дел се определува поимот фразеологизам, што се чини дека не било едноставна задача за лингвистите, потоа се нудат неколку класификации на фразеологизмите од кои оваа научна работа најмногу ја поддржува онаа на Бургер. Тој ги дели фразеологизмите според критериумот на знаковна функција на: референцијални, структурни и комуникативни, кои понатаму може да се делат на посебни подгрупи. Во практичниот дел најмногу доаѓаат до израз референцијалните фразеологизми, пред сè идиомите, скаменетите фрази и пословиците. Тоа се културни феномени присутни во литературата на секој народ, и поради тој факт имаат навистина комплицирана природа во поглед на можностите за нивна интерпретација и превод на друг јазик. Па, во вториот дел од трудот се прави анализа на фразеолошките изрази присутни во книжевните дела и нивните можни преводни еквиваленти, се откриваат применетите преведувачки постапки и се одредува степенот на нивната оправданост.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Darinka Marolova
Date Deposited: 14 Feb 2017 11:42
Last Modified: 14 Feb 2017 11:42
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17290

Actions (login required)

View Item View Item