Предизвици во педијатриската терапија-зошто имаме толку малку истражувања?

Zisovska, Elizabeta and Dimitrovska Ivanova, Marija and Sterjovska-Aleksovska, Andrijana (2012) Предизвици во педијатриската терапија-зошто имаме толку малку истражувања? In: Научно-стручен собир на Факултет за медицински науки, 21 Dec 2012, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Pedijatriska terapija-1 naucen sobir FMN 2012 pdf.pdf

Download (485Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Abstracts FMN UGD 2012 extr.pdf

Download (2120Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
OP Pedijatriska terapija.pdf

Download (116Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Zisovska 1.pdf

Download (517Kb) | Preview

Abstract

Децата често треба да примаат лекови кои се базирани на податоци од возрасните. Многу напори се вложуваат за да се обезбеди соодветно истражување кај децатаи да се најде најдобрaта терапија. Компаниите за лекови се соочени со многу предизвици и потешкотии при изведувањето на клинички студии во педијатриската популација, затоа што тие одат со многу комплексност и трошоци. Покрај етичките, економските, регулаторните и техничките барања при нивното изведување, културните специфики не смеат да се запостават. Експертите во Етичките комитети го имаат истиот статус како експерти кои изведуваат научна евалуација и се поврзани со задолжителните правила на Европската комисија, поврзани со отсуство на конфликт на интереси и постоење на доверливост. За секое клиничко истражување во педијатријата, задолжителна е согласност од родителите, нивна дозвола, и во некои случаи дури и согласност на пациентот. Најтежок проблем е спроведувањето на клинички студии во неонаталната возраст, и затоа кај овие пациенти многу од лековите кои се вклучени во Клиничките упатства се даваат “off-label” пред да бидат спремни да се истражуваат кај оваа популација. Новородените деца, како доносените така и недоносените, го претставуваат највулнерабилниот дел од педијатриската популација. Кога се засегнати од сериозна боилест, тие се лекуваат со многу лекови, со потенцијални интеракции кои треба да се земат во предвид. Протоколите за истражување имаат дополнителна обврска-да го земат во предвиуд и потенцијалниот ризик за нивниот долгорочен развој. Податоците покажуваат дека досега бројот на регистрирани клинички студии спроведени во Европа изнесува околу 20000, а 14,29% од нив биле спроведени кај деца од земјите на ЕУ, додека само околу 10% се кај деца од земјите во развој. Во Македонија, како дел на Југоисточна Европа (ЈИЕ), има спроведено 3 клинички студии кај деца до 16-17 години, од вкупно 36 во земјата. Ниеднаод нив не е спроведена во неонатална и доенечка популација. Споредено со други земји во регионот,тоа е далеку од задоволително ниво (во Србија 21/215 од истражувањата се кај деца, Хрватска 20/303, и во Бугарија 27/415). И зошто овие три студии се комплетирани? Одговорот лежи во тоа што тие се дел од мултицентрични клинички студии во ЕУ, финансирани од фармацевтската индустрија, и се заедно со скоро сите земји на регионот.Наместо заклучок: клиничките истражувања кај деца, спроведувани на соодветен начин се потребни и неопходни, и треба/мора да се водат според општите принципи на медицинската етика, усогласени со целокупните права на децата: да се почитува нивниот живот, да се добие корист (да се направи нештио добро), да не се направи штета. И истражувачите не треба никогаш да забораваат дека децата не се „возрасни во мал формат, туку дека тие се единствени“(Dr Renee Renkins), и дека „истражувањето е навистина единствениот начин да се внесат децата како прва класа на граѓани во медицинската грижа“ (Dr Gail Pearson)”.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Uncontrolled Keywords: клиничка студија, дете, истражување
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Andrijana Sterjovska Aleksovska
Date Deposited: 10 Feb 2017 10:24
Last Modified: 10 Feb 2017 10:24
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17289

Actions (login required)

View Item View Item