Рефлексиите на исламската цивилизација на македонскиот патронимиски фонд

Leontik, Marija (2015) Рефлексиите на исламската цивилизација на македонскиот патронимиски фонд. Прилози од четвртиот меѓународен конгрес „Исламска цивилизација на Балканот“, Скопје, 13-17октомври 2010. pp. 269-283. ISSN 978-92-9063-288-7

[img]
Preview
Text
Зборник-Исламска цивилизација на Балканот.pdf

Download (977Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
2010-Марија Леонтиќ-реферат-Исламска цивилизација на Балканот.pdf

Download (249Kb) | Preview

Abstract

Апстракт: Во периодот меѓу 15 и 19 век Македонија се наоѓала под административна управа на Османлиската Империја и дошла во непосреден допир со исламската цивилизација што оставило свои траги и во македонскиот патронимиски фонд (пр. Мехметова, Рахманов). Во тој период, како резултат на соживотот меѓу македонското и турското население, елементи на исламската цивилизација по спонтан пат навлегле во македонската патронимија која во тој период била во фаза на развој и не била утврдена категорија. Зачетоците на македонските патроними се наоѓаат во минатото кога нашите предци, освен имиња, почнале да употребуваат дополнителни определби на личните имиња (пр. Тодор Милош, Јован Ќор). Идентификацијата со лично име и дополнителни определби слободно се развивала во текот на османлиската управа, а во 19 век на нивна основа се појавиле патроними со презименски суфикси. По формирањето на СФРЈ и по конституирањето на самостојна Р. Македонија, Законот за лични имиња и презимиња, на своите граѓани им овозможи слободен избор. Во денешниот современ презименски репертоар кај Македонците, како наследство од минатото, имаме патроними со турски елементи преку кои се чувствуваат рефлексиите на исламската цивилизација, а кои претставуваат спој на минатото и на сегашноста, но воедно и спој на словенската цивилизација со елементите на исламската цивилизација. Клучни зборови: исламска цивилизација, македонски патроними, лични имиња, прекари.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Leontik
Date Deposited: 10 Feb 2017 08:43
Last Modified: 10 Feb 2017 08:43
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17286

Actions (login required)

View Item View Item