Споменици на исламската култура и цивилизација во Штип

Denkova, Jovanka (2015) Споменици на исламската култура и цивилизација во Штип. In: Четврти меѓународен конгрес „Исламска цивилизација на Балканот“, 13-17 Oct 2010, Skopje, Macedonia.

[img]
Preview
Text
za manu2015.pdf

Download (1329Kb) | Preview

Abstract

Во овој труд се прави осврт кон културното и цивилизациското исламско наследство на територијата на град Штип. Тука, во прв ред се мисли на Безистенот, градската саат кула, како и Хуса Медин Пашината џамија, која меѓу христијанското население е позната како црква Св. Илија. Авторот на трудот ќе се осврне на историските податоци поврзани со овие културно драгоцени споменици, општествено-економските и други прилики при нивното создавање, нивните специфики и она што ги одделува од останатите градби од овој период, нивната сегашна состојба, начините на нивна презервација и реставрација, односно проектите и активностите кои се преземаат за таа цел. Ваквите градби се своевиден споменик на исламската култура и цивилизација на Балканот, но истовремено се и споменик на соживотот на овие простори.Тие се сведоштва за мултикултурната коегзистенција во овој регион, и во тој контекст би ја посочиле Хуса Медин Пашината џамија, која христијаните сеуште ја почитуваат и посетуваат на празникот Св. Илија. Особено силна е вербата на македонските жени желни за пород во моќите на овој древен споменик.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Jovanka Denkova
Date Deposited: 10 Feb 2017 08:40
Last Modified: 10 Feb 2017 08:40
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17283

Actions (login required)

View Item View Item