Семејството како средина за учење и позитивен развој

Koceva, Daniela and Mirascieva, Snezana (2016) Семејството како средина за учење и позитивен развој. Научно - стручна трибина „Учителот и средината за учење и развој “, Факултет за образовни науки, Штип. ISSN ISBN: 978-608-244-364-5

[img]
Preview
Text
2015 - ДК.pdf

Download (764Kb) | Preview

Abstract

Во последните децении на овој век, сѐ поактуелни се истражувањата поврзани со условите на семејната средина во образовните постигнувања на учениците. Семејството е сложен систем и сите членови во него се меѓусебно поврзани на различни начини и зависни еден од друг. Семејството, како заедница на родители и деца, поради природата на односите и прилично јаките емотивни врски меѓу членовите, а посебно поради големите можности за влијание на родителите врз севкупниот развој на личноста на младите има битно влијание за нивното образование и позитивен развој. Средината за учење многу влијае врз когнитивниот, социјалниот, емотивниот и физичкиот развој на детето. Остварувањето топла, интимна атмосфера во домот на детето, ја осигурува неговата благосостојба и ја стимулира неговата иницијатива, самостојност и внатрешна мотивација. Клуч за остварување на емотивно безбедна и здрава средина која ја негува благосостојбата на детето е на прво место семејството, кое го поддржува и охрабрува детето и ја стимулира активноста наместо да ја спречува. За да постигнат восоки и квалитетни резултати и да развијат љубов кон учењето, на децата им е потребно да се чувствуваат прифатени и слободни, да се изразат без страв дека ќе бидат отфрлени или исмеани. Клучни зборови: семејство, семејна средина, развој, постигнувања, социјализација, образование

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Daniela Koceva
Date Deposited: 09 Feb 2017 09:50
Last Modified: 09 Feb 2017 12:08
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17220

Actions (login required)

View Item View Item