Модерен-современ и успешен - ефикасен менаџер

Belovski, Vojo (2016) Модерен-современ и успешен - ефикасен менаџер. In: Општествените промени во глобалниот свет, 3-5 Sept 2016, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
V.Belovski Zbornik konferencija UGD IIITOM I Pravo.pdf

Download (1173Kb) | Preview

Abstract

Ако менаџментот значи знаење, тогаш нема прогрес без знаење, а нема знаење без перманентно учење. Менаџерите, посебно врвните, треба да поседуваат универзално знаење и постојано да се едуцираат и надградуваат, користејќи го здравиот разум и искуството. Со оглед на начинот на кој е изведена трансформацијата, односно приватизацијата на општествените претпријатија, узурпирањето на управувачките права од раководната врхушка и традиционалниот систем на управување, реално е да се очекува во наредниот период во Република Македонија да се заоструваат тензиите помеѓу трудот и капиталот, односно менаџментот, што ќе се рефлектира со незаинтересираност на вработените за организационата поставеност и за ефектот од работењето, за зголемување на продуктивноста и за поголем профит и ќе отсуствува потребната лојалност кон друштвата на капиталот. Пожелно е да споменеме дека кај нас не постои берза на трудот - пазар на успешни менаџери. Во развиените земји се зголемува побарувачката на врвни менаџери, при што доаѓа до израз процесот на нивно негување, селидби, но и зачувување. Референтска моќ е она која потекнува од почитта, восхитот и лојалноста на подредените и соработниците. “Убавиот збор челична врата отвора”, како што рекол Линколн, а капка мед ќе привлече повеќе муви одошто литар смола. Затоа, заклучува Дејл Карнеги, во неговата книга Психологија на успехот, “пристапувајте му на човека како пријател”. Големиот човек ја покажува својата големина со начинот на кој постапува со малите луѓе” - рекол Карлајл. Клучни зборови: знаење, здрав разум, искуство, проблеми, мотивација.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Vojo Belovski
Date Deposited: 30 Jan 2017 08:31
Last Modified: 30 Jan 2017 08:31
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17071

Actions (login required)

View Item View Item