Улогата на центрите за социјална работа во остварувањето на концептот на ресторативна правда спрема децата

Angelovska, Aleksandra and Ivanova, Elena (2016) Улогата на центрите за социјална работа во остварувањето на концептот на ресторативна правда спрема децата. Годишен зборник на Правен факултет. ISSN 1857-7229

[img]
Preview
Text
Aleksandra Angelovska i Elena Maksimova, Godisnik praven fak UGD 2016.pdf

Download (1257Kb) | Preview

Abstract

Концептот на ресторативност во постапувањето спрема децата, во својата најелементарна форма, подразбира одбегнување на казнена постапка во случаите кога според околностите на случајот тоа е возможно и прифатливо. На тој начн се промовира модел кој е сосема различен од класичниот ретрибутивен пристап, бидејќи неговата основна интенција е одбегнување на казнената постапка за помало непридржување кон правните норми, ако се оцени дека детето може да се поправи, но и проактивен пристап за заштита на правата на жртвата и нејзино целосно обештетување. Во околности кога голем број деца стануваат жртви на злоупотреба или се евидентирани како носители на противправни поведенија, неминовно се наметнува потребата од креирање на функционален систем за заштита кој ќе одговори на специфичните детски потреби како посебна биолошко - општествена категорија. Во трудот што следи, улогата на ЦСР се анализира преку неговите обврски и овластувања во постапката за определување мерки на помош и заштита на деца - жртви и сторители на казнени дела, но и посредување заради обештетување меѓу малолетникот и оштетениот, како едни од најпрогресивните алтернативни облици на институционално постапување за заштита на детските права. Клучни зборови: Ресторативност, заштита, помош, деца, жртва, сторител, Центар за социјална работа

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Elena Ivanova
Date Deposited: 27 Jan 2017 12:41
Last Modified: 27 Jan 2017 12:41
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17059

Actions (login required)

View Item View Item