Заштита на деца жртви на кривични дела и сведоци во кривичната постапка

Nanev, Lazar and Kosevaliska, Olga (2016) Заштита на деца жртви на кривични дела и сведоци во кривичната постапка. Стручно списание Правник (293). pp. 50-60. ISSN 1409-5238

[img]
Preview
Image
sodrzina.png

Download (623Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
OG.pdf

Download (111Kb) | Preview

Abstract

Кривично правната заштита на децата жртви во казнениот систем на Република Македонија е поставен врз начелата на „Правда за децата“ кои ги вклучуваат правата на децата да можат да учествуваат во судските постапки на начин соодветен за возраста а во согласност со најдобриот интерес. Една од целите на системот „Правда за децата“ е заштитата од насилство на децата – жртви и санкционирање на сторителите. За сите дејствија што со закон се предвидени како кривични дела во Кривичниот Законик, во кои според законските обележја на делото детето се јавува како жртва на делото, судот и другите органи што учествуваат во постапката се должни да превземат мерки за помош и заштита и да постапуваат на начин на кој ке се избегант можните штетни последици за неговата личност и развој. Сите случаи што вклучуваат мерки и заштита за децата жртви или сведоци се спроведуваат со цел тие да се заштитат од заплашување или секундарна виктимизација што може да се случи во текот на постапката. Секундарната виктимизација се однесува на понатамшната виктимизација, што не е директен резултат на кривичното дело, преку постапување со жртвата од страна на институциите и / или поединците. На пример може да се појави кога жртвата се присеќава на настаните, при сведочење во судот или во присуство на сторителот. Клучни зборови: дете, жртва, правда, насилство, најдобар интерес, виктимизација.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Olga Gurkova
Date Deposited: 26 Jan 2017 14:10
Last Modified: 26 Jan 2017 14:10
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17030

Actions (login required)

View Item View Item