Музејски водич - праисторија

Nacev, Trajce and Sterjov, Mitko and Janeva, Gordana and Beldedovski, Zvonko (2014) Музејски водич - праисторија. Мзејски водич, археолошка постапка, Нацинална установа и завод за заштита на спомениците на културата и музер - Штип, 2014.

[img]
Preview
Text
Vodic1.pdf

Download (3729Kb) | Preview

Abstract

Праисторијата во Р. Македонија до крајот на првата деценија од ослободувањето не беше позната за светската и европската археолошка наука. Првите сознанија за праисторијата во Брегалничкиот басен се случуваат со археолошките ископувања на локалитетот Вршник кај село Таринци, изведени во 1953 година под раководство на П. Гоцкова, а во 1958 година на истиот локалитет археолошки истражувања се изведени под раководство на М. и Д. Гарашанин. На локалитетот Криви Дол, село Радање во 1956/57 исто така се изведени мали археолошки истражувања под раководство на М. и Д. Гарашанин. Од особено значење за праисториската археологија, а посебно за неолитот во Брегалничкиот басен, се археолошките истражувања изведени во перидот од 1971 до 1980 година во средниот тек на река Брегалница, односно на локалитетите Вршник кај село Таринци, Барутница кај село Аназабегово и Руг Баир кај село Горобинци. По овој период, на територијата во долината на река Брегалница, се до 2007 година не се вршени археолошки ископувања на неолитски населби. Во 2007 и 2008 година во рамките на проектот Заштитни археолошки истражувања на локалитети загрозени со изградбата на хидросистемот Злетовица, беа изведени заштитни археолошки истражувања на неолитската населба Грнчарица кај село Крупиште (Трајче Нацев и Трајанка Јовчева). Археолошките истражувања на енеолитските локалитети се започнати во осмата деценија на 20 век на енеолитската населба Пиљаво, се ло Бурилчево (Ирена Колиштркова). При крајот на 20 век истражувањата се прошируваат и на археолошкиот локалитет Св. Атанасие, село Спанчево (Илинка Атанасова) а во првата деценија на 21 век во два наврата археолошки истражувања се изведуваат и на археолошкиот локалитет Градиште, село Град (Трајче Нацев 2001 и Ирена Колиштркова 2002), а во рамките на проектот Заштитните археолошки истражувања на локалитети загрoзени со изградбата на повеќенаменскиот хидросистем Злетовица, истражувањата во 2007 и 2008 година на археолошкиот локалитет Богослов Камен (Трајче Нацев и Емил Сламков).

Item Type: Book
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Nacev
Date Deposited: 25 Jan 2017 11:10
Last Modified: 25 Jan 2017 11:10
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16946

Actions (login required)

View Item View Item