Фармацевтски грижи: Грижа на фармацевтот за здравјето на граѓаните

Angelovska, Bistra (2016) Фармацевтски грижи: Грижа на фармацевтот за здравјето на граѓаните. Ваш аптекар (11). pp. 10-12. ISSN 1857-97

[img]
Preview
Text
ФАРМАЦЕВТСКИ ГРИЖИ.pdf

Download (335Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
11_MK.pdf - Published Version

Download (5Mb) | Preview
Official URL: http://www.vasaptekar.mk/index.php/vas-aptekar

Abstract

Концепцијата Фармацевтски грижи е насочена кон здравствените проблеми на пациентите, особено на оние кои страдаат од хронични заболувања. Нејзин основен елемент претставува советувањето на пациентот и грижата за неговото здравје. Фармацевтската грижа е тесно поврзана со сите дисциплини кои го формираат современиот фармацевт и може да се каже дека ги сумира и применува во пракса и добиените сознанија при директниот контакт со пациентот. Фармацевтската грижа е дел од фармацевтската пракса која бара директен взаемен однос на фармацевтот со пациентот со цел: грижа за потребите на пациентот, поврзани со препишаните лекови. Основна цел на фармацевтските грижи е правилното и точно следење на здравствените потреби на пациентите за постигнување на сигурна, ефективна и хумана терапија. Од професионална и морална гледна точка, фармацевтот е должен да учествува во грижите поврзани со намалување на заболувањата и смртноста што се последица од неправилна употреба на лекови, при што, квалитетот на здравствената услуга е од првостепено значење. Фармацевтот треба да ја добие довербата на пациентот користејќи ги сопствените вештини на комуникација и знаења за лековите и и ефектите од терапијата. Стандардите за фармацевтската дејност треба да бидат воспоставени во рамките на националното законодавство и усогласени со меѓународните стандарди и правилата за Добрата фармацевтска пракса.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Bistra Angelovska
Date Deposited: 23 Dec 2016 11:00
Last Modified: 23 Dec 2016 11:00
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16893

Actions (login required)

View Item View Item