Поврзаноста на корпоративното управување и остварените финансиски резултати со изразените ревизорски мислења за финансиските извештаи

Dimitrova, Janka and Nikoloski, Krume and Miteva-Kacarski, Emilija (2016) Поврзаноста на корпоративното управување и остварените финансиски резултати со изразените ревизорски мислења за финансиските извештаи. Eleventh International Scientific Conference "Knowledge in practice", 16-18 Dec 2016 Bansko, Bulgaria, 15.1 (11). pp. 121-128. ISSN 1857-92

[img]
Preview
Text
Povrzanosta na korporativnoto upravuvanje i ostvarenite finansiski rezultati so izrazenite revizorski mislenja za finansiskite izvestai.pdf

Download (494Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
scien.pdf

Download (1189Kb) | Preview

Abstract

Резиме: Корпоративното управување, во најширока смисла, се однесува на начинот на кој се воспоставува рамнотежа на интересите што постојат помеѓу различни лица и ентитети. Со него се означува системот преку кој се дефинираат и постигнуват целите, се проценуваат ризиците и се одбираат начини за остварување на добри перформанси преку стандардизација на процесите, која се заснова врз принципите на одговорност, транспарентност и контрола во одлучувањето, секојдневното работење и известувањето за состојбите во компанијата. Состојбата на компанијата изразена низ бројќи и показатели, се презентира во финансиските извештаи во чиј составен дел се применетите сметководствени политики и објаснувачките белешки. Веродостојноста и транспарентноста на информациите содржани во финансиските извештаи се основа за донесување на одлуките од страна на сите стеикхолдери во врска со компанијата. Со ревизијата, се подига кредибилитетот на финансиските извештаи и врз основа на изразеното мислење на равизорот се гради довербата на стеикхолдерите за компанијата. Доброто корпоративно управување придонесува за одржлив економски развој преку подобрување на перформансите на компаниите и на нивниот пристап кон надворешни извори на капитал. Тоа ја зголемува профитабилноста на компаниите и овозможува побрз раст. Токму затоа, во трудот е презентирано истражување за поврзаноста на корпоративното управување и остварените финансиски резултати со изразените ревизорски мислења за финансиските извештаи во Република Македонија. Заклучоците на трудот ќе бидат изведени преку анализа на остварените финансиски резултати (добивка/загуба) презентирани во финансиските извештаи и изразеното ревизорско мислење во ревизорските извештаи, на 100 компании котирани на Македонската берза. Трудот претставува продолжување на трудот со наслов “Корпоративното управување и финансиското известување во Република Македонија низ призмата на извештаите на независните ревизори”, објавен во списанието Economic Development No.3/2016, на Економски Институт Скопје, изработен во рамките на проектот “Влијанието на квалитетното финансиско известување и корпоративно управување врз ефикасноста на инвестициите и пазарот на капитал во РМ”, поддржан од Универзитет Гоце Делчев Штип. Клучни зборови: компанија, корпоративно управување, финансиски резултат, ревизорско мислење

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Janka Dimitrova
Date Deposited: 21 Dec 2016 13:42
Last Modified: 21 Dec 2016 13:42
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16880

Actions (login required)

View Item View Item