Тргување со хартии од вредност - практикум

Dimitrova, Janka and Kolev, Zoran (2016) Тргување со хартии од вредност - практикум. ISBN 978-608-244-357-7.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/578

Abstract

Основен предуслов за конкурентен и профитабилен пазар на капитал е постоење на поволно финансиско окружување, што подразбира постоење на квалитетна законска рамка и надворешна и внатрешна стабилност на валутата и здрави јавни финансии. Со тргувањето со хартии од вредност се врши трансфер на сопственоста на хартиите од вредност преку овластена Берза, со реализација на берзански трансакции што значи купување и продавање на хартии од вредност на компании котирани на Официјалниот пазар, регистрирани на Редовниот пазар на берзата. Процесот на тргување се одвива од страна на овластените членки и во нив регистрираните-лиценцирани-брокери со пристап на трговската апликација БЕСТ систем (Берзански Електронски Систем за Тргување). Побудени од потребата за интегрално презентирање на постапките за купување и продавање на хартии од вредноста за надополнување на материјата по предметот Хартии од вредност и портфолио менаџмент, го подготвивме практикумот Тргување со хартии од вредност, кој е во согласност со наставните програми на Прв циклус на студии што се изучуваат на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Основна цел на практикумот е да ги презентира процедурите, постапките и потребните документи при купувањето и продавањето на хартии од вредност. Трудот е наменет да послужи како патоказ, помагало, во стекнувањето на знаења како за студентите така и за сите теоретичари, практичари и инвеститори на пазарот на капитал. Од содржински аспект, во трудот се опфатени 3 тематски целини - поглавја: Тргување со хартии од вредност (Поглавје 1); Тргување со посредство на овластен брокер (Поглавје 2); Посебни видови трансакции (Поглавје 3); Во првото поглавје од ракописот Тргување со хартии од вредност е направен опис на процесот на финансиска активност која се реализира преку овластен учесник. Овде е опфатен начинот на изразување на цените како и количина на хартии од вредност со кои се тргува. Второто поглавје на ракописот Тргување со посредство на овластен брокер го разработува купување и/или продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиент, преку: опис на постапката за прием и идентификација на клиенти, подготовка на договор за соработка во берзанската трговија со хартии од вредност, соработка со ЦДХВ, подготовка на налози за тргување со постојни и нови клиенти, опис на постапката за тргување преку Бест системот, преземање на реализирани трансакции и нивна проверка како и исплата на средства на клиентите од реализираните трансакции. Посебни видови трансакции се предмет на разработка на третото поглавје. Направена е разработка на Правила за реализација на блок трансакции, Организирање јавна берзанска аукција на акции во сопственост на државата, Регулирање на начинот на запишување на јавно понудени хартии од вредност преку берза и Организирање јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции При изготвувањето на практикумот „Тргување со хартии од вредност“ е консултирана широка литература, од најразлични области, како и долгогодишното искуство на авторите во работењето (тргувањето) со хартии од вредност, како и истражувањето и наставата по предметите Пазар на капитал, хартии од вредност и портфолио менаџмент, со единствена цел изворно и компетентно презентирање на материјата.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Janka Dimitrova
Date Deposited: 21 Dec 2016 11:38
Last Modified: 21 Dec 2016 11:38
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16879

Actions (login required)

View Item View Item