Хартии од вредност

Dimitrova, Janka and Kolev, Zoran (2016) Хартии од вредност. Faculty of Economics, Goce Delcev University-Stip. ISBN 978-608-244-356-0

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/574

Abstract

Пазарот на капитал (хартии од вредност) како интегрален дел на финансискиот пазар претставува механизам кој врши алокација на долгорочните финансиски средства, од оние физички и правни лица кои располагаат со вишок средства, кон оние субјекти на кои им се потребни дополнителни средства за финансирање на нивните развојни планови и проекти. Пазарот на капитал е специјализиран пазар на кој се тргува со долгорочните хартии од вредност. Преку механизмите на пазарот на капитал, пред сè преку примарниот пазар, слободните финансиски средства се насочуваат во инвестициони проекти кои се најпрофитабилни и најрентабилни, што придонесува за повисока продуктивност и ефикасност на целата економија и ја зголемува благосостојбата на општеството. Побудени од потребата за интегрална разработка на материјата по предметот Хартии од вредност и портфолио анализа, го подготвивме учебникот Хартии од вредност, кој е во согласност со наставните програми на Прв циклус на студии што се изучуваат на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Основна цел на учебникот е да овозможи стручно дефинирање и совладување на теоретските и практичните познавања за функционирањето на пазарот на капитал. Во содржината се опфатени определени теоретски и методолошки знаења и искуства кои се неопходни за согледување на основните карактеристики на хартиите од вредност и вреднување на истите, како и развојот на пазарот на капитал кај нас и во светот. Трудот е наменет послужи како патоказ, помагало, во стекнувањето на знаења како за студентите така и за сите теоретичари и практичари кои се занимаваат со оваа проблематика. Трудот опфаќа 10 тематски поглавја.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Janka Dimitrova
Date Deposited: 21 Dec 2016 11:22
Last Modified: 21 Dec 2016 11:22
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16878

Actions (login required)

View Item View Item