Криминолошки аспекти на проституцијата – со посебен осврт на античката правна уреденост

Apasiev, Dimitar and Ivanova, Elena (2016) Криминолошки аспекти на проституцијата – со посебен осврт на античката правна уреденост. In: Social change in the global world, 1 Sept 2016, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Zbornik konferencija UGD IIITOM I Pravo MAKSIMOVA APASIEV.pdf

Download (1254Kb) | Preview

Abstract

Иако и денес проституцијата претставува социо-патолошка „тегоба“, таа има своја историска димензија, која говори за потребата од нејзино перманентно следење и проучување. Следејќи го човештвото во чекор, од самото појавување на цивилизацијата, започнува и потребата од нејзино третирање како сеприсутна аномалија, за што се наметнува како нужно навлегувањето во корените на појавата и нејзина детална анализа. Постои огромна доза на рефлексија на феноменолошките карактеристики на проституцијата од Римското право во позитивната криминологија, особено во поглед на појавните облици. Затоа во трудов, опфаќајќи ги криминолошките аспекти на проституцијата и нивната историска еволуција, навлегуваме во нејзиниот правен третман и ги согледуваме позитивните и негативните искуства од спротивставените ставови на државните апарати. Навраќајќи се на почетоците на третманот и криминолошките обележја, воочуваме колку и во каква насока се развила оваа социо- патолошка појава и какво влијание има нејзиното третирање и воопшто општествениот интерес, во насока на регулирање или сузбивање. На став сме дека сè она кое се провлекува со развитокот на човештвото – притоа останувајќи доследно во своето постоење, па дури и во појавните компоненти – заслужува да му се оддаде континуитет во проучувањето и компарирањето, со цел да се дојде до заклучоци за причините, а и за потребата од појавата воопшто.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Elena Ivanova
Date Deposited: 21 Dec 2016 11:10
Last Modified: 21 Dec 2016 11:10
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16875

Actions (login required)

View Item View Item