Металитературните сегменти во „Театарски роман“ на Булгаков и во „Вештица“ на Андоновски

Belcev, Tole and Mladenoski, Ranko (2016) Металитературните сегменти во „Театарски роман“ на Булгаков и во „Вештица“ на Андоновски. Зборник на трудови од Првата меѓународна научна конференција ФИЛКО (филологија, култура, образование), I (1). pp. 51-59. ISSN 978-608-244-308-9

[img]
Preview
Text
Belcev i Mladenoski trud FILKO 01.pdf

Download (646Kb) | Preview
Official URL: http://js.ugd.edu.mk/public/dokumenti/dok/filko/fi...

Abstract

Трудот претставува компаративна студија во која се истражуваат металитературните наративни постапки во два романи од две различни епохи и две различни култури – „Театарски роман“ на рускиот автор Михаил Афанасиевич Булгаков од 1937 година и „Вештица“ на македонскиот автор Венко Андоновски од 2006 година. При споредбената анализа на двата романи особено внимание се обрнува на идентичните, односно на еквивалентните металитературни сегменти во двете нарации. Имено, металитературни сегменти се оние делови од нарацијата во кои се зборува за особините на книжевно-теорискиот метајазик или, поинаку кажано, тоа се раскажувачки фрагменти во кои литературата говори за карактеристиките на самата литература (структурата на книжевното дело, неговата естетска, односно уметничка вредност и слично). Станува збор, всушност, за една типична постмодернистичка постапка што се среќава во двата романи што се анализираат во овој труд. Во воведниот дел на трудот се нуди една кратка елаборација на терминот металитература, додека во главниот дел се врши конкретна анализа на апликативниот материјал (двата споменати романи) од аспект на сличностите, но и на разликите во примената на металитературната наративна стратегија. Во заклучокот се нагласува дека резултатите од анализите на двете книжевни дела покажуваат оти и покрај дистанцата (временска, просторна и културна), сепак, двата романи („Театарски роман“ на Булгаков и „Вештица“ на Андоновски) поседуваат идентични металитературни сегменти што, пак, од своја страна ја потврдува тезата за раскажувањето како универзална категорија.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 20 Dec 2016 13:59
Last Modified: 20 Dec 2016 13:59
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16857

Actions (login required)

View Item View Item