Презентација и анализа на дел од публикуваните туристички водичи во периодот 1954-1979 година и нивната улога во промоција на туризмот во Македонија

Dimitrov, Nikola and Cilimanov, Metodi (2016) Презентација и анализа на дел од публикуваните туристички водичи во периодот 1954-1979 година и нивната улога во промоција на туризмот во Македонија. In: Научно-стручна конференција „Состојби и перспективи во туризмот, економијата и бизнис логистиката во Република Македонија“, 28 May 2016, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Никола Димитров и Методи Чилиманов,Презентација и анализа на дел од публикациите...pdf.pdf

Download (984Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Korica.pdf

Download (669Kb) | Preview

Abstract

Големата понуда во сферата на туризмот ја носи и сериозната потреба од тоа различните туристички дестинации соодветно да се промовираат. Пишаните туристички водичи се еден важен елемент во таа промоција. Поради својата специфика, тие даваат директна можност на својот медиум да се истакнат освен дескриптивни описи, и конкретни илустрации, фотографии, шеми и нацрти на објектите од важност, што дополнително создаваат соодветна визуелна слика и доживување. Доколку се направени плански, тие, освен добро помагало за туристите, претставуваат и еден важен промотивен материјал. Денес сме сведоци на голема експанзија на туризмот, каде што и информацијата е лесно достапна, а медиумите кои ја предаваат се дигитализирани. Сепак, потребата и постоењето на пишаните туристички водичи е голема, а нивното осмислено формулирање денес е доведено до перфекција. Постојат неколку важни и истакнати компании кои специјализираат пишување на туристички водичи, како што се Брадт (Bradt Travel guides) или Лонли Планет (Lonely Planet), каде што освен нивните дигитални верзии имаат и пишани верзии. Водичите кои ќе ги анализираме се работени од туристички работници и организации, во периодот од ’50-тите до ’70-тите години на минатиот век. Во нив ги препознаваме едни од првите обиди да се класифицира полезна и потребна информација, за да може потенцијалниот турист да ги препознае местата од интерес и да има едно убаво искуство при посетата.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Other social sciences
Social Sciences > Social and economic geography
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Nikola Dimitrov
Date Deposited: 19 Dec 2016 08:34
Last Modified: 19 Dec 2016 08:34
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16831

Actions (login required)

View Item View Item