Поврзаноста меѓу образованието, практиката и воспитно-образовните цели во општествен контекст

Mirascieva, Snezana and Koceva, Daniela and Petrova Gjorgjeva, Emilija and Kitanova, Irena (2016) Поврзаноста меѓу образованието, практиката и воспитно-образовните цели во општествен контекст. Зборник на трудови, Прва меѓународна научна конференција „ФИЛКО“ - филологија, култура и образование. ISSN ISBN 978-608-244-308-9

[img]
Preview
Text
1.pdf

Download (1126Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Mirascieva.pdf

Download (385Kb) | Preview

Abstract

Времето на брзи и големи промени во кое живееме е сигнификантно по експанзивниот развој на бројни научни дисциплини кои се одраз на теориско-методолошката парадгима во системскиот пристап. Системскиот пристап пак од своја страна е база за развој на свеста за тоа дека квалитетот на животот, воспитанието и образованието е определен од цела низа на интеракциски односи во воспитно-образовните институции. Целокупниот контекст на институциите чија основна дејност е воспитанието и образованието на младата личност меѓу другото го почитува и принципот на квалитетна практика. Во таа смисла се и низата на активности заради зголемување на квалитетот на праксата во институциите и другите релевантни установи, кои пак се последователни и инклузирани содржини во целите на дејноста. Во трудот се покренува прашањето за поврзаноста на образованието, практиката и целите со посебен акцент на функционалната поврзаност. Прашањето во суштина е прашање за квалитетно образование кое ги опфаќа знаењата, вештините, ставовите, или со еден збор способностите и оспособувањето на личноста за квалитет во работата и животот воопшто. Тоа се разбира ја нагласува поврзаноста на теоријата и практиката и прифаќањето на истата како основно начело заради што поквалитетно дејствување. Во трудот исто така се прави теориска анализа на односот меѓу теоријата и практиката од која произлегуваат конкретни предлози за натамошно концепирање на воспитно-образовниот процес во насока на зголемен квалитет.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Daniela Koceva
Date Deposited: 09 Dec 2016 13:35
Last Modified: 09 Dec 2016 13:35
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16797

Actions (login required)

View Item View Item