Култура, глобализација, идентитет

Koceva, Daniela and Mirascieva, Snezana and Petrova Gjorgjeva, Emilija and Kitanova, Irena (2016) Култура, глобализација, идентитет. Зборник на трудови, Прва меѓународна научна конференција „ФИЛКО“ - филологија, култура и образование. ISSN ISBN 978-608-244-308-9

[img]
Preview
Text
1.pdf

Download (1126Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
DANIIIII.pdf

Download (445Kb) | Preview

Abstract

Опстанокот и цврстината на секој општествен систем зависи од културата и културните вредности на тоа општество. Забрзаниот процес на глобализација врши силно влијание на различните аспекти на човековото живеење, на економски, политички, социјален и културен аспект. Еден од најголемите предизвици на глобализацијата е нејзиното влијание на културата и општеството. Денешното приближување на културите на различни народи е продукт на огромниот прогрес во комуникациската технологија и размената на информации, што се смета за една од позитивните аспекти на глобализацијата. Со оглед на тоа дека културата е основна и важна нишка за разбирање и соработка помеѓу различни народи, таа отсекогаш претставува основа за појава и развој на човечката цивилизација. Јакнењето на културната размена помеѓу различни земји е од голема важност. Историјата на човештвото покажува дека културите од секогаш имале тенденција да се соединуваат. Од друга страна сите знаеме дека културите во општествената структура на светот се разделувани една од друга. Голем дел од културите се последица на одредени и раздвоени идентитети во текот на историјата, но тенденцијата за културна размена отсекогаш постоела на различни начини. Во моментов, човековата заедница наоѓајќи се во незапирливиот процес на глобализација, културата како најраширен, најдлабок и најважен фактор во човековиот живот, најмногу и најлесно ги прифаќа овие промени. Постојат различни мислења и аспекти од кои се анализира односот помеѓу културата и глобализацијата кои ќе бидат преставени во понатамошниот дел од трудот, вклучувајќи и начнувајќи го влијанието на глобализацијата врз идентитетот, дали глобализацијата овозможува поголема индивидуалност, или пак, глобализацијата создава висок степен на отуѓеност, губење на границите меѓу себството (идентитетот) и културата.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Daniela Koceva
Date Deposited: 09 Dec 2016 10:51
Last Modified: 09 Dec 2016 10:51
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16793

Actions (login required)

View Item View Item