Орално здравје и превентива на орални заболувања - практикум

Dimova, Cena and Naskova, Sanja (2016) Орално здравје и превентива на орални заболувања - практикум. ISBN 978-608-244-334-8.

[img]
Preview
Text
praktikum-word.pdf - Published Version

Download (874Kb) | Preview
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/560

Abstract

Практикумот „Орално здравје и превентива на орални заболувања - практикум” е наменет за студентите на Дентална медицина и за Стручните студии за забен техничар - протетичар. Конципиран е во дванаесет тематски вежби. Во првата вежба: Прием на пациент, преглед и идентификација на факторите на ризик за нарушување на оралното здравје се опишува првиот прием на пациентот, како се зема анамнеза или распит на пациентот, а потоа како се пристапува кон прегледот на пациентот и утврдување на можностите за нарушување на оралното здравје. Во следните пет вежби: Нотирање на состојбата на оралната хигиена, Мотивација за одржување на оралната хигиена и Обука на пациентот за одржување на оралната хигиена, Орално здравје и орална хигиена, Видови техники за орална хигиена и Видови средства за орална хигиена, на постепен и детален начин се обработуваат тематски делови на задолжителната и секојдневна орална хигиена. Во шестата вежба: Исхрана и орално здравје се зборува за влијанието и значајноста на исхраната врз општото и особено врз оралното здравје. Во седмата вежба: Забен кариес, дентален плак, забен камен се опишуваат превентивните аспекти кои овозможуваат спречување на создавање забни наслаги во мека и тврда форма (дентален плак и забен камен) како и превентивните мерки за спречување на појава на кариес. Во осмата вежба: Гингивити – класификација, гравидарен гингивитис накусо е опфатена поделбата на воспаленијата на гингивите со посебен осврт на воспаление на гингивата кај бремени жени. Во деветтата вежба се зборува за Видови стоматолошки интервенции, распределени по стоматолошките научни области. Во десеттата вежба: Отстранување на меки и тврди наслаги, пигментација на заби се обработуваат рачните и машинските методи на отстранување на забните наслаги. Во единаесеттата вежба: Едукативни програми за орално здравје, студентите ќе се запознаат со деловите на едукативните програми. Во последната вежба: Стоматолошки картон, ортодонтски картон и медицинска документација, се обработуваат содржините кои што треба да ги има еден здравствен стоматолошки картон во физичка форма и електронска форма, со посебен осврт кон ортодонтскиот картон, но и со важноста на подготовката и уредното водење на медицинската и стоматолошка документација.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 09 Dec 2016 13:38
Last Modified: 09 Dec 2016 13:38
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16791

Actions (login required)

View Item View Item