Орално здравје и превентива на орални заболувања - скрипта

Dimova, Cena and Naskova, Sanja (2016) Орално здравје и превентива на орални заболувања - скрипта. ISBN 978-608-244-333-1 1.

[img]
Preview
Text
skripta-word.pdf - Published Version

Download (928Kb) | Preview
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/569

Abstract

Скриптата со наслов „Орално здравје и превентива на орални заболувања -скрипта” наменета за студентите од Дентална медицина и Стручните студии за забен техничар-протетичар. Поделена е во единаесет методски целини. Во првата единица: Вовед во предметот: Орално здравје се дава осврт на важноста на оралното здравје, како интегрален и многу важен дел на општото здравје на човекот. Во втората единица: Биолошки механизми на заштита на оралната лигавица се опишуваат ткивните карактеристики на оралната лигавица со посебен осврт на функционалните карактеристики на оралните ткива. Во третата тема: Фактори кои предизвикуваат нарушување на оралното здравје детално се опишани можните општи и локални фактори, како и фактори од надворешно и внатрешно потекло кои може да предизвикаат или да придонесат за нарушување на оралното здравје. Следната тема: Епидемиологијата на пародонтологијата и на оралните мукозни заболувања ги обработуваат епидемиолошките карактеристики на парадонталната болест и на оралните мукозни заболувања. Во следните три наслови: Превенција на пародонталната болест, Превенција на пародонтопатија кај групите со висок ризик за настанување на болеста и Превенција наорални мукозни заболувања се објаснети превентивните аспекти кои придонесуваат да се намалат можностите за развиток на парадонталната болест и некои орални мукозни заболувања. Во осмата тема: Орално здравје кај популација во напредната возраст се обработуваат специфичните карактеристики со кои се одликува оралното здравје кај повозрасни лица. Во деветтата единица: Орална хигиена во функција на зачувување на оралното здравје се обработува важноста на оралната хигиена во секојдневното одржување на оралното здравје, преку приборот и техниките на одржување на орална хигиена. Во следната тема единица: Исхрана и орално здравје се потенцира значајноста на исхраната во прилог на зачувување и одржување на добро орално здравје, кое е нераскинлива алка од синџирот на компоненти за обезбедување на солидно оралното здравје. Во последното поглавје: Промоција на орално здравје и едукативни програми се презентираат аспектите со кои се врши промоција и унапредување на оралното здравје преку соодветни програми и методи. Авторите

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 09 Dec 2016 13:37
Last Modified: 09 Dec 2016 13:37
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16787

Actions (login required)

View Item View Item