Корелација и интеграција на наставните содржини со еколошка тематика на часовите по англиски јазик во основното образование во Р. Македонија

Stavreva Veselinovska, Snezana and Kirova, Snezana (2016) Корелација и интеграција на наставните содржини со еколошка тематика на часовите по англиски јазик во основното образование во Р. Македонија. Зборник на трудови / Прва меѓународна научна конференција филологија, култура и образование, 18-19 март 2016, Штип. pp. 878-886. ISSN ISBN 978-608-244-308-9

[img]
Preview
Text
Корелација и интеграција Filko.pdf

Download (3155Kb) | Preview
Official URL: http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe

Abstract

Образованието е дел од воспитанието (односно, воспитание во потесна смисла) кое го опфаќа стекнувањето на знаења, умеења и навики во секоја сфера од човековото живеење. Во овој труд е разработено менаџирањето во воспитно – образовната компонента во заштитата и промовирањето на животната средина која претставува значајна алка во комплексот задачи кои требада бидат програмирани и имплементирани конкретно во наставните содржини по предметот англиски јазик. Во рамките на реализацијата на проектот Интегрирано планирање на наставата за програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, кој се реализира во повеќе општински основни училишта на територијата на Р. Македонија, се дистрибуираат прашалници/анкетни листови помеѓу учениците и наставниците, со цел да се утврди нивото познавањето на екологијата и животната средина кај учениците, каков е ставот на наставниците во однос на екологијата – интегрирана во наставата во основното образование, што сé се презема за да се имплементираат голем број на проекти и еко – активности со цел да се вклучат учениците во истите и на тој начин во иднина да ја преземат улогата на главни актери во филмот т.н. “Планетата Земја“. Од анализата се утврдија јаките и слабите страни на моменталната еколошка состојба во училиштето. Согледувајќи ги слабите страни се дојде до заклучок дека навистина учениците имаат различни познавања и ставови во однос на екологијата, а исто така и наставниците. Во тој контекст се изразени и нашите ставови и мислења за реализација на интегрирана настава преку изучување на еколошки теми на часовите по англиски јазик.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: еколошко образование, англиски јазик, еколошка култура, основно образование, корелација
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Snezana Kirova
Date Deposited: 01 Dec 2016 13:01
Last Modified: 01 Dec 2016 13:01
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16736

Actions (login required)

View Item View Item