Анимализмот како тема во книжевноста за деца

Denkova, Jovanka (2016) Анимализмот како тема во книжевноста за деца. In: Меѓународна научна конференција филологија, култура и образование, 18-19 March 2016, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
filko2016.pdf

Download (991Kb) | Preview

Abstract

Детето е суштество кое силно ја чувствува природата и нејзините законитости. Таа ги буди најнежните чувства во него. Всушност, детето ја чувствува љубовта кон сè што живее и пулсира, а таа љубов најдобро се изразува како грижа за својата околина, кон растителниот и животинскиот свет. Очекувано е дека анималистичката тематика е популарна во детската книжевност децата радо читаат текстови во кои се зборува за животните, па со разни алегориски постапки им се пренесуваат и пораки на младите читатели. Денес е пофално и вообичаено чувањето на животни во становите, особено кучиња и мачки, што се прикажува како позитивен соживот на луѓето и животните. Со разни акции и реклами се сензибилизираат децата и возрасните на емпатично однесување кон животните. Од друга страна, на децата им се достапни и информации за разни суровости кои им се случуваат на животните во градот, понекогаш и од самите деца. Ставовите кои ги искажуваат децата насилници кон животните, упатуваат на таа елементарна двојност – едноставно, тие ги сметаат животните за помалку вредни. Целта на овој труд е да се укаже на карактеристиките на анималистичката литература за деца, и да се укаже дека книжевноста и тоа како може да биде начин за хуманизација на детската личност, зашто низ персонифицираните животински ликови, кои ги имаат сите човечки особини, авторите го прикажуваат односот меѓу доброто и злото, меѓу љубовта и омразата, меѓу суровоста и пожртвуваноста, меѓу пријателството и себичноста, меѓу хуманоста и универзалната солидарност.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Jovanka Denkova
Date Deposited: 01 Dec 2016 11:32
Last Modified: 01 Dec 2016 11:32
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16732

Actions (login required)

View Item View Item