Право на ЕУ, правда и внатрешни работи - скрипта

Sotiroski, Ljupco (2011) Право на ЕУ, правда и внатрешни работи - скрипта. ISBN 978-608-244-032-3.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/ugd/index.php?id=322

Abstract

Скриптата насловена како Право на ЕУ, правда и внатрешни работи претставува сериозен обид за создавање квалитетно учебно помагало со прегледна содржина во рамките на Наставниот план и програма на Правниот факултет при Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип. Концептот на Скриптата е наменет за студентите на првиот циклус на студии со цел да се претстави правото на Европската Унија и промоција и истакнување на значењето на Европскиот правен систем. Содржината на Скрипта елаборира две основни тематски единици. Првата е приказ на правото и суштината на правната рамка, методот на Заедницата и начините на функционирање вклучувајќи ги институциите, нивната структура и функционалност. Втората тематска единица ја претставува структурата на европското државјанство, азил, миграција, полиција, заедничките политики, судската и граѓанската соработка која се остварува во рамките на првиот столб. Изработката на Скриптата е резултат на темелно истражување на оваа материја, при што се користени голем број научни книги и трудови (на англиски, германски и македонски јазик). Имајќи ја во предвид актуелноста на темата и постојаните измени и дополнувања на концептите и правната рамка во која делува Унијата, користени се и документи публикувани на веб страниците на Европската комисија. По својата природа содржината на материјалот првично е намената за студенти кои ја изучуваат област на правото на Европската Унија и во исто време претставува предизвик за секој заинтересиран во проучувањето на комплексноста на правото на Европската Унија вклучувајќи го и делот на правда и внатрешни работи

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Sanja Stefanova
Date Deposited: 22 Nov 2012 10:41
Last Modified: 08 Apr 2015 10:55
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1665

Actions (login required)

View Item View Item