Управување со отпадни батерии и акумулатори во Република Македонија – практики и трендови

Kasuba, Valentina (2016) Управување со отпадни батерии и акумулатори во Република Македонија – практики и трендови. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Лекторирана магистерска OBA-RM Валентина Кашуба.pdf

Download (1382Kb) | Preview

Abstract

Краток извадок: Во магистерскиот труд е направен преглед на моменталната состојба со управувањето и стопанисувањето со отпад од батерии и акумулатори во Р. Македонија. Батериите станаа неопходен дел од нашите животи. Тие се одлична „преносна“ можност која ни дава независност од електричната мрежа, но тие, исто така, носат сериозна одговорност: поради тоа што, од една страна, содржат супстанции кои не смеат да се испуштаат во животната средина, а од друга, материјали кои можат да се рециклираат. Во повеќето земји, денес, искористените оловно-киселински и другите видови батерии се враќаат за рециклирање на оловото и другите метали. Процесот на рециклирање на употребените батерии започнува со нивното собирање, транспортирање и складирање. Бидејќи овие процедури не се изведуваат во објектот каде што се врши рециклирањето, во овој магистерски труд тие се наречени чекори пред процесот на рециклирање. Редукцијата на оловото од оловно-киселинските батерии се врши со примена на две методи:  Пирометалургиски процеси, исто така познати како методи на фузија- редукција и  Хидрометалургиски процеси, или електролитни методи. Со законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори се уредени барањата за заштита на животната средина кои мора да ги исполнуваат батериите и акумулаторите при нивното производство и пуштање на пазар во Р. Македонија и постапувањето со отпадните батерии. Според истражувањето спроведено во 2010 година од страна на невладината организација 4х4х4 Балкански мостови, се констатира дека количините на преносни батерии кои се користат и депонираат во Р.Македонија на годишно ниво се движат помеѓу 220 до 270 тони батерии. Според истражувањето спроведено во 2012 година од страна на Македонскиот институт за медиуми (МИМ), на годишно ниво се генерираат околу 5 642 960 парчиња отпадни батерии. Во моментов активностите за преработка и рециклирање на отпадни батерии се многу ограничени и сè уште не е воспоставен некаков организиран пристап. Во овој момент во Р. Македонија се врши рециклирање само на оловно-киселинските батерии (акумулатори). Дозвола за колективно постапување имаат два правни субјекта, кои во моментов опфаќаат околу 15 % од производителите кои што пуштаат во промет батерии и акумулатори. Колективните постапувачи кои поседуваат лиценца се: ОБА рециклирање и Нула Отпад ДОО. Клучни зборови: рециклирање, собирање, колективни постапувачи, оловно-киселински батерии.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 31 Oct 2016 14:06
Last Modified: 31 Oct 2016 14:07
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16585

Actions (login required)

View Item View Item