Репертоар:

Концерт за деца во рамки на фестивалот „Модоарс“

Во вторник, 3 мај, во Даут-пашин амам во Скопје ќе се одржи концерт за деца насловен „Музиката на Зографски видена низ детските цртежи на Олга Ѓоргиева“...

Пијанистите Бисера Иванова и Петре Штерјов ќе ги изведат Минијатурите оп. 6 и 11 и Суитата оп. 27 за соло пијано од композиторот Зографски.

Музиката ќе биде илустрирана со детските цртежи на Олга Ѓоргиева.

Концертот е во организација на Фестивалот за современа музика „Модоарс“ и е со почеток во 10.30 часот.

Концертот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.