Во рамки на фестивалот „Модоарс"

Музиката на Зографски за најмладите

Пијанистите Бисера Иванова и Петре Штерјов ќе ги изведат Минијатурите оп. 6 и 11 и Суитата оп. 27 за соло пијано од композиторот Зографски

Во Даут-пашин амам во Скопје во вторник, 3 мај, со почеток во 10.30 часот ќе се одржи концерт за деца насловен „Музиката на Зографски видена низ детските цртежи на Олга Ѓоргиева".

Пијанистите Бисера Иванова и Петре Штерјов ќе ги изведат Минијатурите оп. 6 и 11 и Суитата оп. 27 за соло пијано од композиторот Зографски.

Музиката ќе биде илустрирана со детските цртежи на Олга Ѓоргиева.

Концертот е во организација на Фестивалот за современа музика „Модоарс" .

Концертот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари