Истражување на туристичкиот пазар - скрипта

Angelkova, Tanja and Metodijeski, Dejan and Cuculeski, Nikola (2016) Истражување на туристичкиот пазар - скрипта. ISBN 978-608-244-325-6.

[thumbnail of Skripta Istrazuvanje na turistickiot pazar.pdf]
Preview
Text
Skripta Istrazuvanje na turistickiot pazar.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Скриптата е наменета за потребите на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика за подготвување на испитот по предметот Истражување на туристичкиот пазар. Содржината на скриптата ја опфаќа потребната материја за предавањата по предметот Истражување на туристичкиот пазар, според Наставната програма на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Овој изборен предмет се изучува во третиот семестар во втора година, носи четири кредити и има фонт на часови 2+1+1. Скриптата можат да ја користат сите студенти и на останатите факултети каде што се изучува предметот Истражување на туристичкиот пазар, но и останатите стручни кадри кои ја проучуваат оваа проблематика. Скриптата е изготвена со цел да се унапреди наставата по предметот Истражување на туристичкиот пазар и да се подобри квалитетот на знаењето на студентите. Во разработката на скриптата е користена соодветна литература од познати автори и институции од областа на туризмот и угостителството, а во голем дел е базирана на книгата Истражување на туристичкиот пазар од авторот Михајло Будиноски. Скриптата е изработена во осум глави.
Во првата глава е опфатен материјалот кој се однесува на суштината и основните карактеристики на туристичкиот пазар, критериумите за класификација и неговата структура. Исто така, објаснети се карактеристиките на туристичката побарувачка и понуда.
Во втората глава се обработува материјалот поврзан со поделбата и видовите сегментација на пазарот. Во оваа глава се опфатени димензиите на туристичкиот пазар во светот и во Република Македонија.
Во третата глава се разгледува истражувањето на туристичкиот пазар преку: поимот и историскиот развој на истражувањата на пазарот, процесот на истражување на пазарот и постапките во тој процес.
Четвртата глава е посветена на видовите истражувања на туристичкиот пазар со осврт на експлораторното, дескриптивното и каузалното истражување.
Петтата глава го содржи материјалот поврзан со дефинирањето на податоците и видовите извори на податоци. Обработени се примарните и секундарните извори на податоци и Интернетот како извор на податоци.
Во шестата глава се обработуваат методите за собирање на податоци, а имено, Методот на набљудување и Методот на испитување.
Седмата глава е посветена на формите за собирање на податоци, анкетниот прашалник, неговата содржина и видови.
Во последната глава е опфатен материјалот кој се однесува на истражувањето на меѓународниот туристичкиот пазар, како: истражување на имиџот на туристичката дестинација, истражување на пазарот за потребите на угостителството, сообраќајните претпријатија, туристичките агенции и пазарот на саемите за туризам.
Благодарност и до сите колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на материјалите кои беа неопходни за комплетирање на содржината на скриптата. Мислењата и забелешките можат да се упатуваат по електронски пат.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 02 Dec 2016 11:00
Last Modified: 02 Dec 2016 11:00
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16513

Actions (login required)

View Item View Item