Информатички системи во угостителството и туризмот - скрипта

Metodijeski, Dejan and Angelkova, Tanja and Cuculeski, Nikola (2016) Информатички системи во угостителството и туризмот - скрипта. ISBN 978-608-244-328-7.

[img]
Preview
Text
Skripta Informaticki sistemi vo ugostitelstvoto i turizmot.pdf

Download (6Mb) | Preview
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/566

Abstract

Скриптата е наменета за потребите на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика за подготвување на испитот по предметот Информатички системи во угостителството и туризмот. Содржината на скриптата ја опфаќа потребната материја за предавањата по предметот Информатички системи во угостителството и туризмот, според Наставната програма на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Овој предмет, се изучува на насоката Туризам,како изборен предмет во четвртиот семестар на втора година, носи четири кредити и има фонд на часови 2+1+1. На насоката Гастрономија, исхрана и диететика се изучува како задолжителен предмет во четвртиот семестар на втора година, носи шест кредити и има фонд на часови 2+2+1. Скриптата можат да ја користат сите студенти на останатите факултети каде што се изучува предметот Информатички системи во угостителството и туризмот, но и останатите стручни кадри кои ја проучуваат оваа проблематика. Истата е изготвена со цел да се унапреди наставата по предметот Информатички системи во угостителството и туризмот и да се подобри квалитетот на знаењето на студентите. Во разработката на скриптата е користена соодветна литература од познати автори и институции од областа на информациските системи и туризмот, а во најголем дел е базирана на книгата „Информациони системи у туристичком пословању“ од авторот Ангелина Његуш. Оваа скрипта е изработена во три дела. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на суштината и основните концепти на информациските системи, како поимот систем, податок, информација, знаење и мудрост. Обработен е материјалот поврзан со информациските системи, информациските технологии, архитектурата на информацискиот систем и основите за развој на информациските системи. Исто така, објаснети се воведот во проектирањето на базата на податоци, основните поими на моделот на податоци, моделирањето и анализата на моделот на податоци. Во вториот дел се разгледуваат карактеристиките на работењето во дигиталната економија, основните технологии во дигиталната економија, новата наспроти старата економија, деловните притисоци на организацијата во дигиталната економија, основните концепти на Интернет технологијата. Опфатен е и дел за моделите и деловните системи на електронското работење и работните системи и стратешкото работење. Третиот дел е посветен на информациските системи во туризмот и хотелиерството, електронскиот туризам, електронските дестинации, електронското хотелиерство, електронскиот авиосообраќај и електронските организатори на патувања и туристички агенции со соодветни студии на случаи. За сите забелешки, авторите ќе ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при ново изменето и дополнето издание на скриптата. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на содржината на скриптата.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 02 Dec 2016 10:47
Last Modified: 02 Dec 2016 10:47
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16511

Actions (login required)

View Item View Item