Обука и развој на човечките ресурси во локалната администрација во општина Штип

Dencova, Vesna (2016) Обука и развој на човечките ресурси во локалната администрација во општина Штип. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
lektorirano.pdf

Download (3167Kb) | Preview

Abstract

Човечките ресурси се крвотокот на секоја организација. Само преку одлично обучен персонал, организацијата може да ги постигне своите цели и својот развој. Обуката е процес на зголемување на знаењето и вештините за извршување на конкретна работа, односно организирана процедура преку која луѓето се учат и стекнуваат вештини. Основната намена на овој долгорочен процес е подобрување на однесувањето на работното место и изведување на работните задачи. Детално разработената политика за обуки е потребно да се усогласи и да се спроведе од самиот врв на организацијата со целосна поддршка на менаџментската структура на сите нивоа. Има многу модели на обука кои се со намена на развивање на кариера посебно кај таленти и вработени со натпросечни способности и вештини. Обуката � помага на организацијата да создаде пообучена работна сила способна да се соочи со какви било ситуации и предизвици кои ги наметнуваат современото општество и потребите на граѓаните. Главната цел на овој труд е да се даде придонос во подобрување на моделите на обука и развој во гореспоменатата општина и дали обуките ги подобруваат работните ефекти. Резултатите од истражувањето меѓу менаџерската структура и вработените во гореспоменатата општина покажуваат дека вработените не се добро информирани за програмите за обука и развој во организацијата. Сепак, најголем дел од испитаниците се со мислење дека обуките и развојните модели се ефикасни алатки како за поединичен, така и за успех на организацијата. Клучни зборови: човечки ресурси, јавна администрација, обуки, развој и кариера.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 12 Oct 2016 10:52
Last Modified: 12 Oct 2016 10:52
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16430

Actions (login required)

View Item View Item