Процес на кредитирање на претпријатијата

Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Bezovski, Zlatko (2007) Процес на кредитирање на претпријатијата. 2ри Август. ISBN 978-9989-909-57-3

[img]
Preview
Text
Proces na kreditiranje na pretprijatijata-og-zb.pdf

Download (680Kb) | Preview

Abstract

Позајмувањето парични средства на стопанските субјекти и населението (процес на кредитирање) е една од најзначајните активности во најголем дел од финансиските институции. Одобрените банкарски заеми учествуваат со најголем процент во создавањето на вкупниот приход на финансиските институции, остварен од вршењето на вкупните активности. Од друга страна, во областа на оваа функција на одобрување заеми, депозитните финансиски институции генерално прифаќаат најголем степен на ризик. Неуспехот на индивидуалните комерцијални банки и другите финансиски институции е секогаш поврзан со проблемите во создаденото портфолио на кредитни пласмани. Процесот на кредитирање, покрај тоа што е една од најзначајните активности на индивидуалните банки, има огромно значење и во однос на социјалната функција која овие институции ја извршуваат во општеството. Индивидуалните лица, фирмите и владата можат да ги позајмуваат неопходните дополнителни средства од банките и другите финансиски институции. Менаџментот на финансиските институции врши проценување на приносот и ризикот на секој поединечен заем и ја оценува релативната атрактивност на разните типови на заеми. При донесувањето на конкретната кредитна одлука, се оценуваат многу фактори, како: способноста на претпријатието да го врати заемот, рејтингот на претпријатието, колкава е потребата од дополнителни средства, намената за која истите ќе се користат и сл. Банките и другите финансиски институции треба во секое време да располагаат со доволен фонд на средства, со кои би се задоволиле потребите од повлекувања на депозитите и зголемените барања на корисниците на заемите. Предмет на овој труд е обработка на кредитниот процес, т.е. технологијата на одобрување на кредити, пред сè на стопанските субјекти. Кредитниот процес се следи преку извршување на кредитна анализа на барателот на кредитот, структурирање на основните карактеристики на кредитот, формирање на стратегија на кредитното портфолио на банкарските пласмани и мониторинг на извршување на обврските по заемот.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Zlatko Bezovski
Date Deposited: 13 Oct 2016 12:12
Last Modified: 13 Oct 2016 12:12
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16426

Actions (login required)

View Item View Item