Анализа на процесот на сертификација на информациските системи на државните органи во Република Македонија согласно Законот за електронско управување

Arsovski, Aleksandar and Mileva, Aleksandra (2015) Анализа на процесот на сертификација на информациските системи на државните органи во Република Македонија согласно Законот за електронско управување. Yearbook of the Faculty of Computer Science, 4 (4). pp. 63-70. ISSN 1857- 8691

[img]
Preview
Text
1301-2909-1-PB.pdf

Download (1581Kb) | Preview
Official URL: http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFCS/article/view/1...

Abstract

Информациско комуникациските технологии го обликуваат современото општество, а придобивките од користењето се чувствуваат секојдневно. Користењето на ИКТ претставува неопходна алатка за исполнување на дневните активности и обврски. Примената на современите технологии овозможува зголемена продуктивност и подобра комуникација во работните организации, но исто така може да предизвика и поголеми предизвици за непрекинато функционирање системите. Со цел успешно справување со безбедносните ризици, во Република Македонија е усвоена законска рамка претставена во збир на минимални препораки. Оваа рамка која е задолжителна за државните органи е утврдена во Законот за електронско управување каде е пресликана во процес на сертификација на информациските системи. Процесот се спроведува согласно Законот за електронско управување и се однесува на институции на кои согласно закон им е доверено да вршат јавни овластувања, односно извршуваат електронски административни услуги и разменуваат документи и податоци по електронски пат. Овие институции се задолжени да го следат процесот на сертификација на информациски системи, а до овој момент се сертифицирани само четири институции во Република Македонија. Овој труд дава анализа на процесот на сертификација со цел да се утврдат сите побарувања, како техничко-технолошки, административно управување и зголемување на човечки капацитет, систематизација на улоги и работни позиции, усвојување на внатрешни правилници и процедури, контрола и оценување на процесот.

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Aleksandra Mileva
Date Deposited: 07 Oct 2016 10:59
Last Modified: 07 Oct 2016 10:59
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16409

Actions (login required)

View Item View Item