Реставративна стоматологија

Kovacevska, Ivona and Denkova, Natasa (2016) Реставративна стоматологија. ISBN 978-608-244-312-6.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/547

Abstract

Реставративната стоматологија, или Кариологијата, или Реставративна одонтологија, претставува стоматолошка дисциплина која ги проучува анатомијата, морфологијата, и физиологијата на тврдите забни ткива како и патолошките промени на истите и функционалните и структурни аномалии. Воедно таа се занимава и со тераписките аспекти и реставрирањето на патолошки изменетите забни супстанции. Во доменот на реставративната стоматологија се изучува начинот на дијагноза и терапија на оштетувањата на забите и подготовка и изработка на полнења во делот на коронката со кои се надоместуваат дефектите. Реставрирањето на изгубените забни ткива се реализира со дентални материјали; што значи дека реставративната стоматологија ги изучува и материјалите и начините на нивна апликација со цел да се добие единствено функционално естетско надоместување на забот. Содржината во овој учебник ги опфаќа анатомо - морфолошките и хистолошки карактеристики на тврдите забни ткива, кариесот, неговата етиологија, класификација, ширење низ забните супстанции, терапијата на оштетените заби под дејство на кариесот, формирање и препарирање на кавитети, затворање и пополнување на истите. Исто така ќе бидат објаснети и функционалните и структурни заболувања на забните материи.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 07 Oct 2016 09:14
Last Modified: 07 Oct 2016 09:14
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16374

Actions (login required)

View Item View Item