Процесни иновации во угостителството

Petrov, Nikolco and Angelkova, Tanja (2016) Процесни иновации во угостителството. In: Состојби и перспективи во туризмот, економијата и бизнис логистиката во Република Македонија, 28 May 2016, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Petrovski Nikolco, Tanja Angelkova 2016.pdf

Download (1289Kb) | Preview
Official URL: http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/issue/view/98

Abstract

Во овој труд ќе се обидеме да опишеме дел од технолошки управуваните иновации во угостителството, во ресторанството, односно овде накратко ќе стане збор за процесните иновации во ресторанството. Знаеме дека иновации и инвестирање во нови подобрени модели на производство и услуги во угостителството, кај нас има многу малку, и малку се истражува во оваа област. Некои навидум ситни работи, незначајни или непознати за голем дел од угостителските претпријатија и менаџментот, можат да донесат големи позитивни промени во работата на претпријатието, што може да резултира со поголем квалитет на производите и услугите, и задоволство кај муштериите. Во првиот дел од овој труд ќе ги дефинираме иновациите во угостителството. Знаеме дека кафето како производ е причина за појава на цела гранка во ресторанството, за појавата на кафетериите каде луѓето уживаат во благодетите на овој призвод. Како такви тие постојано се усовршуваат низ историјата, воведуваат нови производи и услуги, како би останале конкуренти и би имале поголем профит. Прво ќе се запознаеме со основните работи во кафетериите, а тоа се: што е еспресо кафе, како се приготвува, потоа ќе направиме споредба на кафематите за негово производство. Целта на овој труд, е од практична гледна точка, да покажеме како една навидум незначајна инвестиција во кафемат со два бојлери влијае позитивно во целокупното работење на кафетеријата, во подобрениот квалитет на кафето, во брзината на услугата, во задоволството на муштериите, и во финансискиот резултат на претпријатието.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Tanja Angelkova
Date Deposited: 09 Nov 2017 11:32
Last Modified: 09 Nov 2017 11:32
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16365

Actions (login required)

View Item View Item