Тектонска реонизација и сеизмичност на Република Македонија

Doneva, Blagica and Delipetrov, Todor and Dimov, Gorgi and Panov, Zoran and Karanakova Stefanovska, Radmila (2016) Тектонска реонизација и сеизмичност на Република Македонија. Посебно издание на Geologica Macedonica, 4 (2). pp. 497-502. ISSN 0352-1206

[img]
Preview
Text
III Kongres geolozi 2016-1.pdf

Download (1696Kb) | Preview

Abstract

Врз основа на повеќедецениското истражување од областа на геологијата на територијата на Република Македонија, направена е тектонска реонизација на просторот и според опрделените геолошки критериуми издвоени се следните зони: Краиштидна зона, Српско - Македонска зона, Вардарска зона, Пелагониски масив, Западно - Македонска зона и Цукали - Краста зона. Овие зони, воглавно, се издвоени со длабински раседни структури и гледано низ геолошката историја, имаат различен развој. Во неотектонската етапа, територијата на Македонија е поделена на три зони: Источно - Македонска зона која ги опфаќа Српско - Македонската маса и Краиштидната зона, Вардарска зона и Западно - Македонската зона која ја вклучува и Цукали - Краста зоната. Досега регистрираната сеизмичност е директно поврзана со длабинските раседни структури ввдолж Вардарска зона, која е раседна структура од планетарен аспект, паралелните на неа Струмска зона и Дримска зона и попречните раседни структури на Вардарска зона тргнувајќи од север Тетово - Скопје - Крива Паланка, Дебар - Кочани - Делчево и Струмица - Валандово - Битола - Охрид. Во трудот е анализирана досега регистрираната сеизмичност посебно локациите на земјотресите и нивните длабочини и издвоени се профили на кои се гледа распоредот на хипоцентрите на територијата на Република Македонија. Анализата на длабочините на хипоцентрите укажува дека земјотресите во Македонија имаат тектонски карактер односно резултат се на нарпегање во земјината кора не подлабока од 40 km. Просторно гледано најактивните сеизмички зони се регистрирани на пресеците помеѓу раседните структури од Вардарски смер и попречните на нив. Тектонската реонизација дава добра корелација со досега регистрираната сеизмичност односно како нај стабилна зона се појавува Пелагонскиот блок како и Западно – Македонската зона.

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Blagica Doneva
Date Deposited: 03 Oct 2016 09:31
Last Modified: 03 Oct 2016 09:31
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16345

Actions (login required)

View Item View Item