Операции на пренос на маса - скрипта

Andronikov, Darko and Jordeva, Sonja (2016) Операции на пренос на маса - скрипта. ISBN 978-608-244-281-5.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/513

Abstract

Оваа скрипта првенствено е наменета за студентите кои го слушаат предметот Операции на пренос на маса како посебен предмет, како и за дел од предметите Технолошки операции во прехранбената индустрија и Кинетика и феномени на пренос во втора година на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и со самото тоа е наменета за студентите на овој факултет. Потребата од оваа скрипта произлезе од недостатокот на литература по овој предмет. При изработката на скриптата авторите строго се придржуваа кон наставната програма така што некои поглавја се изнесени во мошне збиена и концизна форма. Материјалот е структуриран во 12 поглавја, почнувајќи со вовед во технолошките операции и поглавјата што се однесуваат на операции и биланси на пренос на маса, молекулска дифузија и I Фиков закон, конвективен и меѓуфазен пренос на маса како и коефициент на пренос на маса, бездимензионални критериуми, апсорпција и десорпција, како и операциите во системот: гас-течност (дестилација), течност-течност (екстракција и кристализација), цврсто-течно-гас (сушење). Како автори на оваа скрипта ќе бидеме бескрајно благодарни за сите забелешки и сугестии во однос на овој ракопис во насока на неговото подобрување.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Engineering and Technology > Mechanical engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Sonja Jordeva
Date Deposited: 26 Sep 2016 12:54
Last Modified: 26 Sep 2016 12:54
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16313

Actions (login required)

View Item View Item