Глобализација - економски аспекти - скрипта

Paceskoski, Vlatko (2016) Глобализација - економски аспекти - скрипта. ISBN 978-608-244-318-8.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/565

Abstract

Скриптата “Глобализација –економски аспекти” пред се е наменета за студентите од насоката Меѓународна економија. Има за цел да помага на студентите при совладување на содржината за наставните дисциплини како: Глобализација, Современи економски системи и глобализација. Исто така, трудот е корисен и за научните работници за нивни продлабочени истражувања на одделни сегменти од меѓународната економија. Егзистирањето и функционирањето на меѓународните економски односи на принципите на работа и ефектите од постојниот меѓународен монетарен и трговски систем фундирани на основа на проширената репродукција во светската економија. Во таа насока, значењето на темите што се обработуваат во трудот е објективно и корисно.Тргнувајќи оттука во скриптата се истражувани и дава одговор на следниве тематски подрачја: - Генеза на процесот на глобализација; - Поимно определување и дефинирање на процесот на глобализација; - Теоретските пристапи кон и за процесот на глобализација; - Димензии (елементи) преку и во кои се манифестира глобализацијата( со посебен осврт на економската димензија); - Фактори кои влијаат врз процесот на глобализација; - Економските аспекти на процесот на глобализација манифестирани преку меѓународната трговија и меѓународните финансии; - Противречностите од процесот на глобализација врз светското стопанство; - Современите тенденции од процесот на глобализација. Всушност меѓународните економски односи и текови во светското стопанство пробудуваат голем интерес како во економската теорија исто така и во современата практика. До таквиот интерес се доаѓа поради фактот што состојбите, тековите и предизвиците од меѓународните економски односи имаат големо непосредно значење и влијание врз: човекот како индивидуа; стопанските субјекти; националните стопанства и светската економија. Предмет на истражување на трудот е конкретната економска активност на меѓународните економски односи, се со цел изнаоѓање на законитостите и принципите на нивно функционирање и развиток. Притоа основна задача е проучување и анализирање на односите помеѓу резултатите и ефектите од овие односи врз националните стопанства како основен субјект во меѓународните економски текови. Во процесот на светската репродукција. Секако секој труд што претендира совесно и одговорно да ги остварува процесите и проблемите на егзистирање и функционирање на меѓународните економски однос преставува придонес за развојот на економската мисла.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Vlatko Paceskoski
Date Deposited: 28 Nov 2016 11:09
Last Modified: 28 Nov 2016 11:09
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16281

Actions (login required)

View Item View Item