Водич за препознатливите производи, локалитети, објекти и настани во Македонија

Taskov, Nako and Dimitrov, Nikola and Metodijeski, Dejan (2016) Водич за препознатливите производи, локалитети, објекти и настани во Македонија. Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, Скопје. ISBN 978-608-65886-7-0

[img]
Preview
Text
Vodic prepoznatlivi proizvodi, lokaliteti, objekti i nastani vo RM.pdf

Download (833Kb) | Preview

Abstract

Македонија е земја со богата историја и со неверојатно голем број различни производи, локалитети, објекти и настани кои го привлекуваат интересот и вниманието на посетителите. Векови наназад била врска помеѓу источните и западните светови, како од географски, така и од политички и културен аспект. Иако релативно мала по територија, земјава изобилува со прекрасна природа и со културно-историско наследство. Македонија нуди бројни активности во природа, главно во трите национални паркови: Пелистер, Галичица и Маврово. Исто така, урбаните центри даваат можност за бизнис-состаноци, во нив се организираат спортски и други видови манифестации. Македонија е позната и по своите квалитетни вина и локалната гастрономија, а неколку вински региони и вински патишта им се ставени на располагање на гостите преку разглед на винските визби и дегустација. Без разлика дали ќе ја испробате својата среќа во касината во Гевгелија, ќе се релаксирате во некој спа центар во термалните бањи, ќе поминете одмор во Охрид, град кој е под закрила на УНЕСКО, ќе посетите некој од позначајните манастири, ќе поминете викенд во главниот град Скопје, ќе изберете некоја активност во природа, ќе земете учество во манифестација или ќе користите некои медицински третмани, во Македонија насекаде ќе го почувствувате топлото гостопримство и срдечното добредојде. Токму поради овие причини, невозможно е да се посети и да се види сѐ она што го нуди земјава во текот на едно патување, ниту пак постои можност сето тоа да биде прикажано во еден водич. Овој водич, илустриран со фотографии и надополнет со мапи за подобра навигација на посетителите низ просторот, се стреми да ги претстави поважните производи, локалитети, објекти и настани од значење за туризмот во Македонија. Водичов, како што сметавме, го содржи сето што би требало да го знаат посетителите, односно поважните информации за позначајните туристички потенцијали на Македонија. Би сакале јавно да им се заблагодариме на сите кои ни помогнаа во подготвувањето на водичов: вработените на Факултетот за туризам и бизнис-логистика при Универзитетот Гоце Делчев – Штип, истражувачите кои работеа како на терен, така и во собирањето на постојните и релевантни електронски извори и литература, фотографите кои го збогатија водичот со своите фотографии, луѓето кои ги изработија мапите, дизајнерите на водичов, вработените во Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и на сите оние кои дадоа голем придонес во изработката на оваа публикација. Бидејќи ова е прво издание на водичов, ненамерно можеби се пропуштени некои важни производи, локалитети, објекти или настани од значење за туризмот во Македонија. Отворени сме за Вашите сугестии и коментари, што можете да ги пратите по електронски или писмен пат, за што сме исклучително благодарни и ќе ги имаме предвид при печатењето на неговото следно, проширено издание.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 20 Sep 2016 12:36
Last Modified: 20 Sep 2016 12:36
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16254

Actions (login required)

View Item View Item