RANSOMWARE – Компјутерски вирус на денешницата

Krstevski, Marjan and Gelev, Saso (2016) RANSOMWARE – Компјутерски вирус на денешницата. In: Трета меѓународна научна конференција: Науката - подршка на развојот во Република Македонија, 29-30 Jan 2016, Skopje, Macedonia.

[img]
Preview
Text
RANSOMWARE – Kompjuterski virus na denesnicata.pdf

Download (1338Kb) | Preview
Official URL: http://euba.edu.mk

Abstract

Интернет, глобалната компјутерска мрежа за краток временски период од десетина години еволуира во моќна мрежа без која не може да се замисли животот на современиот човек. Кога оваа компјутерска мрежа би престанала да функционира, дури тогаш би се сфатило нејзиното значење и во колкава мера се има проткаено во сите пори на општественото живеење. Бројот на корисници на интернет од година во година се повеќе се зголемува. Споредбено со развојот и имплементацијата на компјутерската мрежа во систем на глобална мрежа – интернет, раснат и потенцијалните опасности од различни напади од интернет, вклучувајќи многу малициозни програми и напади од човечки фактор како хакери, вандали и компјутерски терористи. Денес имаме голем број на различни малициозни програми кои освен со нивната разновидност, се разликуваат и по начинот на кој го инфицираат незаштитениот компјутер. Во последните две до три години еден од најопасните малициозни програми кој го привлече вниманието на целата интернет популација е ransomware. Во трудот што следи ќе бидe дефиниранo што е ransoware, како напаѓа и неговата историја. Потоа ќе стане збор за CTB-Locker-от, како еден од најпознатите видови од фамилијата на ransomware кој бележи драстичен скок на употреба во првото тромесечје од 2015 година, како доаѓа до инфекција со CTB-Locker-от, како истиот функционира и што е потребно да превземете кога ќе откриете дека вашиот компјутер е заразен со CTB Locker. На крај во трудот ќе бидат презентирани неколку методи за враќање на фајловите криптирани со CTB Locker. Клучни зборови: ransomware, CTB Locker, криптирање, откуп, дешифрирање

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Saso Gelev
Date Deposited: 12 Sep 2016 11:01
Last Modified: 12 Sep 2016 11:01
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16195

Actions (login required)

View Item View Item