Концерт на Благица Поп Томова и Милица Шкариќ во Њујорк

Доц. м-р Благица Поп Томова и проф. д-р Милица Шкариќ на 22 мај ќе одржат рецитал во Њујорк. Двете уметници ќе се претстават со песни за сопран и пијано од П. И. Чајковски, С. Рахмањинов, македонските композитори Т. Зографски, Т. Прокопиев, Г. Гавриловски и арии од В. Белини, Џ. Пучини, А. Каталани и Ш. Гуно.

Благица Поп Томова дипломирала и магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Првенка е во Македонската опера и балет и има настапувано во бројни позитивно оценети главни улоги. Доцент е на Музичката академија во Штип.

Милица Шкариќ завршила студии по пијано во Париз и во Хамбург. Добитник е на голем број домашни и меѓународни награди. Професор е по пијано на Музичката академија во Штип.

 

Заедничкиот настап на двете уметници следува по успешната минатогодишна турнеја низ Македонија. Концертот е поддржан од  Министерството за култура на Р. Македонија и е во соработка со Македонскиот културен центар во Њујорк и Grace notes concert series во Белфорт.

Упис на непарен семестар
30.08.16

Се реализира од страна на студентите. Доколку е по првпат, се избираат и предмети согласно студиската програма. Доколку е по повисок пат, се презапишуваат сите неположени предмети.

Предуслов: Соодветна уплата за упис на семестар, партиципација (семестар по прв пат), кредити (презапишување на предмети) (ценовник).

- СП 2009/2010 и идни: Преку еиндекс.

- СП 2007/2008, СП 2008/2009: На шалтер на студентски прашања

Студентите кои нема да запишат семестар во рокот, автоматски се деактивираат.

29/08/2016
Се информираат студентите од прв циклус на студии дека рокот за пријавување на испити во Септемвриска (дополнителна) сесија 2016 година е продолжен...