Совршенство во менаџмент на квалитетот и перформансите на компаниите

Mitreva, Elizabeta and Taskov, Nako and Gjorshevski, Hristijan (2016) Совршенство во менаџмент на квалитетот и перформансите на компаниите. 2-ри Август, Штип. ISBN 978-608-4662-61-7

[img]
Preview
Text
Sovrsenstvo stampa (1). - repozitorium.pdf

Download (661Kb) | Preview

Abstract

Европската унија е значаен партнер на Република Македонија во надворешно трговската размена и на прв поглед може да се заклучи дека домашните производи ги задоволуваат европските критериуми, меѓутоа најголем дел од извозот се однесува на лон производите и полупроизводите. Стопанската структура на македонската економија се карактеризира со производи со низок квалитет, недоволни да ги задоволат странските вкусови, производство со застарена технологија, недоволно искористување на производствените капацитети, ниска продуктивност, високи трошоци на производството и др. Стремежот на македонските компании треба да биде во правец на создавање услови за пласман на нашите производи со повисок квалитет на светските пазари, а тоа ќе се постигне преку реинженеринг на деловните процеси што ќе овозможи унапредување на квалитетот на производите, поголема конкурентност, поголема продуктивност, производство на производи со повисока фаза на преработка, намалување на трошоците и сл. Апстрахирајќи се од чисто теоретски - историски пристап, авторите имаа за цел да дадат компетентен научен осврт, но и свои согледувања а при тоа да не се изземат есенцијалните феномени и појави поврзани со тоталниот менаџмент на квалитет, со едноставна мотивација, да студентите и читателите со ограничен напор, ги осознаат овие феномени кои се во центарот на интересирањето како од теоретски така и од практичен аспект. Ја изразуваме нашата благодарност до рецензентите за нивните коментари и вредни предлози за подобрување на ракописот.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 05 Aug 2016 09:08
Last Modified: 05 Aug 2016 09:08
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16083

Actions (login required)

View Item View Item