Методи и техники за оцена на квалитетот на производите

Mitreva, Elizabeta and Taskov, Nako and Gjorshevski, Hristijan (2016) Методи и техники за оцена на квалитетот на производите. 2-ри Август, Штип. ISBN 978-608-4662-62-4

[img]
Preview
Text
Metodi stampa (1).1-- REPOZITORIUM.pdf

Download (360Kb) | Preview

Abstract

Во овој труд се презентирани методи и техники за оцена на квалитетот во рамките на индустријата и се разработени неколку примери за контрола на квалитетот на индустрискиот производ и деловните процеси. Во ова научно помагало се обработени 12 поглавја кои опфаќаат теоретско објаснување, решени задачи, задачи за индивидуално решавање од страна на студентите и читателите, како и прилози од табели неопходни за успешност во решавањето. Обработените поглавја треба да им помогнат на читателите да се стекнат со основни знаења како да произведат производ кој ќе ги задоволи барањата и очекувањата на потрошувачите. Во исто време, книгата треба да помогне во дилемите како индустријата да го прилагоди новиот дизајн на производот на производниот процес, на различните перформанси на машините, како да ја набави потребната опрема и технологија, да користи вистински материјали, да обезбеди квалификувани работници со постојана обука и надгледување, а при тоа применувајќи тотален менаџмент на квалитет. Книгата може да послужи и на сите стручни кадри кои се вработени во организации со производна и услужна дејност со цел подобрување на квалитетот на производот, деловните процеси и услугите кои ги нудат. Неспорно е дека овој труд како прв обид на авторите за систематизирање на постојните сознанија од оваа област содржи многу недостатоци, за што следи сугестијата од авторите до читателите дека секоја забелешка е добредојдена.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 05 Aug 2016 09:07
Last Modified: 05 Aug 2016 09:07
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16081

Actions (login required)

View Item View Item