Економско-географски процеси и промени во светот и во Република Македонија

Temjanovski, Riste and Stojmilov, Aleksandar (2006) Економско-географски процеси и промени во светот и во Република Македонија. Other. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип.

[thumbnail of 1 EGPP SVET RM REPOZITORIUM.pdf]
Preview
Text
1 EGPP SVET RM REPOZITORIUM.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Монографската публикација Економско-географски процеси и промени во светот и во Република Македонија претставува стручно дело кој на едно место ги прикажува современите општествено-економските процеси, демографски состојби, светските економски движења и регионални групации, како и економско-географската проблематика на Македонија. Во овој труд опфатени се историските и современите економски и географски случувања во светот и земјата, материјал обработен и презентиран од повеќегодишното наставно и научно искуство на авторите стекнато низ истражувачките процеси и изведувањето на универзитетската настава. При пишувањето користени се најнови резултати од економската, географската наука и сродните дисциплини на неа.
Главна цел на книгата е да даде основа за разбирање и совладување на теоретските и актуелни случувања и диспропорции на светското стопанство и економските ресурси и потенцијали во Македонија. Диспаритетот во стопанската развиеност се претвори во еден од најкрупните проблеми на развојот на современиот свет, па оттука и нагласениот интерес за истражување на територијалната разместеност на одредени важни ресурси, вклучувајќи го и човечкиот, разместеноста на производствената структура на одделни земји и региони, дистрибутивните канали од производствените до потрошувачките центри итн, кои имаат доминантно место во меѓународните прометни текови.
Концепцијата на книгата е базирана врз поврзаноста на актуелните состојби кај стопанските движења во светот и Република Македонија. Во првиот дел од книгата разработени се економско-географските процеси во духот на глобалните промени и предизвици, историскиот развој на економската географија, разместеноста на одделни суровини и производи, како и современите текови на капиталот. Во вториот дел од книгата прикажани се состојбите во Република Македонија од просторно-географски, демографски, стопански аспект. Со овој труд се настојува да се истакне и потребата за објективна научна анализа на економско-географските прашања, особено прифатени и применливи во научните истражувања на бројни истражувачи во светот. Дадена е критичка анализа и оценка за последиците од актуелните случувања во непланско и деградирачко искористување на одредени суровини и нивната рефлексија врз глобалните економски текови.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Riste Temjanovski
Date Deposited: 12 Jul 2016 09:47
Last Modified: 12 Jul 2016 09:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16032

Actions (login required)

View Item View Item