Модели за ефикасен партиципативен пристап при сите фази во градењето на јавните политики во Република Македонија

Ananiev, Jovan (2008) Модели за ефикасен партиципативен пристап при сите фази во градењето на јавните политики во Република Македонија. Е- билтен Добро владеење (4).

[img] Text
Ананиев.doc

Download (39Kb)
Official URL: http://www.gg.org.mk/index.php?option=com_content&...

Abstract

Јавната политика претставува наменски редослед на активности, преземени од еден или од повеќе актери при третирање на определен јавен проблем. А како јавен проблем можеме да го третираме оној кој засега поголем број луѓе и кога тој, како таков, е адресиран до соодветниот јавен одлучувач (на локално, национално или меѓународно ниво). Со други зборови, јавната политика можеме да ја објасниме и како редослед на активности за надминување на определени проблеми во одделен сектор од страна на јавните власти. Всушност, како примери за вакви секторски политики можат да се наведат: земјоделската, социјалната, здравствената, образовната и друга политика во одделен сектор. Учеството на јавноста во креирањето на јавните политики, пак, претставува активна вклученост на сите засегнати страни во надминувањето на проблемот од јавен интерес, заедно со јавните власти, преку учество во процесот на донесување одлуки и преку пристап и контрола на ресурсите.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jovan Ananiev
Date Deposited: 21 Nov 2012 19:35
Last Modified: 15 May 2013 13:40
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1599

Actions (login required)

View Item View Item